Диџеј Ахмет со награди од жирито и публиката на Санденс

Огромен успех доживеа македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски, кој ја имаше светската премиера на престижниот филмски фестивал Санденс, каде што ги освои специјалната награда на жирито за креативна визија и наградата од публиката.

Филмот веќе е продаден во Канада, Австралија, Нов Зеланд, Белгија, Луксембург, Холандија, Португалија, Шпанија, Израел и во цела поранешна Југославија, објави Variety, дополнувајќи дека се во тек преговори и за други територии.

„Диџеј Ахмет“ е драма во која станува збор за 15-годишно момче од јуручко село во Источна Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката и сонува да стане диџеј додека се справува со очекувањата на татко му, конзервативната заедница и неговото прво искуство со љубовта – девојка која веќе му е ветена на некој друг.

Филмот е копродукција помеѓу Синема футура и Сектор филм од Македонија, Alter Vision и Analog Vision од Чешка, Backroom production и Баш Челик од Србија. Продуценти на филмот се Иван Унковски и Ивана Шекуткоска.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.

реклама

Грците веќе не простуваат: Дронови ги демнат плажите, казни летаат на сите страни

Read more

Голем пресврт за 4 хороскопски знаци до крајот на јули: Доаѓа она што е ваше!

Read more

Две малолетни деца и 18-годишник биле однесени од надојдената вода во реката Треска

Read more

Пред 19 години го бањаше како бебе, сега ќе играат мундијалско финале еден против друг

Read more

Култура

Општина Чаир: Од 23 до 26 јули ќе се одржи првото издание на Меѓународниот музички фестивал Чаршија

Read more

Почнува меѓународниот фолклорен фестивал Гази Баба 2026

Read more

Бесплатни проекции на македонски филмови на големото платно

Read more

Изложба на мозаици на академскиот сликар и мозаичар Ѓорѓи Томовски во Охрид

Read more

Вести

Трамп драстично го намалува времето што странските студенти и новинари можат да го поминат во САД

Читај повеќе

Времето утре сончево и топло, попладне локален дожд и грмежи

Читај повеќе

Кремљ: Тешкотиите во руската економија не се критични

Читај повеќе

Пресуда за уривањето на мостот во Џенова при што загинаа 43 лица

Читај повеќе

Со украдени лични податоци на граѓани подигнале околу 3 милиони денари брзи кредити, меѓу обвинетите и вработен во ФЗО

Читај повеќе

Под лупа: Каде е најчисто морето во Црна Гора?

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Латас: Монтираниот случај конечно падна

Читај повеќе

Грците веќе не простуваат: Дронови ги демнат плажите, казни летаат на сите страни

Читај повеќе

Џеј Ди Венс ја обвини израелската влада дека ги свртила Американците против договор со Иран

Читај повеќе