Дигитално реставрираниот Солунски атентатори премиерно ќе го отвори фестивалот Нем филм 2026

Дигитално реставрираниот филм Солунските атентатори во режија на Жика Митровиќ премиерно ќе биде прикажан на отворањето на фестивалот на филм, музика и уметност Нем филм 2026 што ќе се одржи од 10 до 15 септември во Кинотеката на Македонија.

Филмот Солунските атентатори е најновото издание на Кинотеката во рамките на нејзината програма за дигитална реставрација на македонски филмови што е една од заложбите на Кинотеката за зачувување на македонското филмско наследство.

Солунските атентатори се вбројува меѓу најуспешните историско-акциони филмови од југословенската кинематографија. На фестивалот на југословенскиот игран филм во Пула во 1961 година филмот ја доби традиционалната награда на публиката Јелен, а сценографот Диме Шумка е одликуван со Специјална поединечна диплома за сценографија. Исто така, режисерот Жика Митровиќ добил и признание од жирито за успешно негување на акциониот жанр во домашниот филм, со што филмот ја потврдил својата значајна уметничка и продукциска вредност. За дигиталната реставрација на филмот Солунските атентатори ќе зборува Владимир Павловски, декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а специјален гостин ќе биде филмскиот критичар Дејан Дабиќ, уметнички директор на Мартовскиот фестивал.

Фестивалот, кој оваа година се одржува по шести пат, носи и посебна целина посветена на немиот и класичниот филм, со која повторно се нагласува потребата од курирано присуство на филмското наследство во современиот културен простор. Оваа фестивалска програма е дел од богатата септемвриска филмска понуда на Кинотеката, која оваа година го слави својот голем јубилеј. На програмата се ретки проекции на антологиски дела од филмското наследство. Во таа насока, во рамки на фестивалот исто така ќе бидат прикажани и дигитално реставрираните анимирани македонски кратки филмови – ЕМБРИО БР. М, АДАМ 5 ДО 12, ГРАНИЦА, БУКВАР ЗА ПИСМЕНИ, РАКА, ОТПОР, HOMO DOGMATICUS и ЦРНО ЗНАМЕ.

Со проекциите на филмовите ЕДНА НЕДЕЛА и ЧЕТИРИСТОТИНИ ТРИКОВИ НА ЃАВОЛОТ публиката ќе има можност да погледне филмски дела од најзначајните епохи во развојот на кинематографијата – ерата на немиот филм. Во периодот пред звукот да стане составен дел од филмската слика, режисерите, актерите и филмските уметници создадоа нов начин на раскажување преку визуелната експресија, монтажа, композиција на кадарот и актерската игра. Овие два филма на големите режисерски имиња Бастер Китон и Жорж Мелјес ќе добијат еден поинаков музички израз – филмските слики ќе бидат надополнети со музичка придружба на ансамблот „Консонанс“, составен од врвни музичари кои се дел од Национална установа Македонска филхармонија.

Во таа насока, фестивалот ќе понуди и уникатна филмска проекција на кратките филмови на Алис Ги, која се вбројува меѓу жените пионерки на светската кинематографија, а музички ќе бидат придружувани од страна на музичарот Андреј Татарчевски. Оваа програма ја реализираме со поддршка на Францускиот културен центар од Скопје.

Овогодишното издание вклучува и дел од филмскиот избор од ретроспективната програма на Берлинскиот филмски фестивал (Berlinale 2026) – именувана „Загубени во 1990-тите“ – реализиран во соработка со Друштво за македонско-германско пријателство и соработка.

Дел од програмата ќе биде посветен на големиот Буњуел, а ќе бидат прикажани и филмовите ВИРИДИЈАНА и АНГЕЛОТ ИСТРЕБУВАЧ, благодарение на Амбасадата на Шпанија во РС Македонија.

Фестивалот се реализира со поддршка на Министерството за култура, Гете-Институтот, Кино Балкан, Кинотека на РС Македонија, Друштво за македонско-германско пријателство и соработка, Француски културен центар и Амбасадата на Шпанија во РС Македонија.

Билетите за сите проекции се бесплатни, а своето место публиката може да го резервира на билетарницата на Кинотеката.

реклама

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Read more

Трик за сочно и меко печено пилешко

Read more

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Read more

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Read more

Култура

Страст, љубов и трагичен расплет – Кавалерија рустикана на сцената на Националната опера и балет на 11 септември

Read more

Дигитално реставрираниот Солунски атентатори премиерно ќе го отвори фестивалот Нем филм 2026

Read more

Кои ќе бидат гости на 13. „Скопје фелоушип“ на фестивалот ПРО-ЗА Балкан?

Read more

Црно злато - нова претстава на МНТ со потписот на Слободан Унковски и Дејан Дуковски

Read more

Вести

Европската Унија ја предупреди Србија поради комеморацијата за Младиќ

Читај повеќе

Семејството на Ратко Младиќ тврди дека тој е убиен во Хаг

Читај повеќе

Министерот за финансии на САД: Цените на горивата се високи оти Украина одлучи да ги уништи руските енергетски средства

Читај повеќе

Фрлала дрва кон деца, па ги бркала со остар предмет додека играле топка – кривична за кичевчанка

Читај повеќе

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Читај повеќе

Загреб се поврза со Пекинг

Читај повеќе

Украдени пригушници од железничка пруга и вратени на Железници, уапсен скопјанец

Читај повеќе
  • filter

Трамп ќе гради Триумфална капија

Читај повеќе

Русиja: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Читај повеќе