Дино Имери: Големо УА за колегите кои молчеа кога Дијана беше дискриминирана

Диригентката Дијана Имери Илкоска јавно реагираше по одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), која утврди дека таа била директно дискриминирана од страна на тогашниот в.д. директор на НУ Филхармонија, Александар Котевски.

Според Комисијата, Имери Илкоска била неправедно лишена од трансформација на работниот однос од определено во неопределено време, добила забрана за влез во институцијата, а нејзиниот уметнички профил бил избришан од официјалната веб-страница токму по нејзината јавна реакција. Комисијата ја оцени оваа постапка како дискриминација, придонесувајќи Дијана да се најде во понеповолна положба во однос на своите колеги.

„Да, бев дискриминирана и сè уште сум. Извинувањето, за жал, нема да ја надомести траумата и болката која ми беше нанесена мене и на целото мое семејство, но ќе покаже дека сè уште постои право и правда кон која сите целиме“, рече диригентката Имери Илкоска, нагласувајќи дека нејзината борба продолжува институционално, но и преку музиката и уметничката дејност, која напредува и покрај обидите да биде маргинализирана и избришана од културната сцена.

Нејзиниот сопруг, пијанистот Дино Имери, во поддршка на сопругата го истакна својот револт кон молкот на многу колеги: „Со Дијана ги следевме концертите на Филхармонија буквално од деца. Години подоцна, како млади професионалци и уметници, со нив ја делевме сцената. Никогаш не сме посведочиле нешто вакво – губење на нејзиното работно место, забрана за влез во својата матична куќа, бришење на уметничкиот профил од официјалната веб-страница и уште многу други постапки кои ја поттикнаа Дијана да бара правда преку институционални механизми. Вакви одлуки од надлежните тела и инстанци се јасен показател дека НЕ СМЕЕ да се повторуваат вакви дела во иднина.“

Тој исто така остро ги критикуваше колегите кои не ја поддржале Дијана:

„ГОЛЕМО УА за поголемиот дел од колегите музичари кои замолчeа, замижаа, ги снема или пак се ситеа без да се свесни дека со тоа даваат согласност и на нив да им се случи такво нешто во иднина.“

Дино и Дијана нагласија дека, и покрај предизвиците, продолжуваат со својата уметничка работа „онаму каде што ќе има простор за изразување на музиката и креативноста“ и каде нивниот придонес ќе биде препознаен како доблест, а не како закана кон „медиокритетот и неговите девијантни појави“.

Комисијата при крајот препорача Котевски во рок од 30 дена јавно да ѝ се извини на Дијана Имери Илкоска, а доколку тоа не го стори, најави покренување прекршочна постапка пред надлежен суд. Оваа одлука на КСЗД ја отвори јавната дебата за институционалната правда во културниот сектор, а се очекува и реакција од Министерството за култура и Владата.

реклама

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Read more

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Read more

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Read more

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Read more

Култура

Страст, љубов и трагичен расплет – Кавалерија рустикана на сцената на Националната опера и балет на 11 септември

Read more

Дигитално реставрираниот Солунски атентатори премиерно ќе го отвори фестивалот Нем филм 2026

Read more

Кои ќе бидат гости на 13. „Скопје фелоушип“ на фестивалот ПРО-ЗА Балкан?

Read more

Црно злато - нова претстава на МНТ со потписот на Слободан Унковски и Дејан Дуковски

Read more

Вести

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Читај повеќе
  • play_arrow

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Читај повеќе

85-годишен маж уапсен за подметнување пожар во Струшко

Читај повеќе

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Читај повеќе

Вучиќ за кандидатурата за премиер: Подготвен сум да ја прифатам волјата на СНС

Читај повеќе

Турчин уапсен во Охрид за поттикнување на проституција

Читај повеќе

Фронтекс за прв пат распоредува бродови во Ламанш 

Читај повеќе

Повеќе од 1.000 случаи на заболени од вирусот Западен Нил во Европа

Читај повеќе

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца

Читај повеќе