Домашни производи и специјалитети од сите региони на Македонија денес може да се пробаат во Градски парк

Уникатна можност да се вкусат домашни производи и специјалитети од сите региони на Македонија, претставува Саемот за храна што ќе се одржи денеска во Градскиот парк во Скопје.

Под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, Саемот ќе ги промовира производите „Македонско најдобро“ кои, како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), претставуваат синоним за квалитет.

„Саемот за храна ќе понуди богат избор на свежо овошје и зеленчук, млечни производи, мед, преработки од овошје и зеленчук и вино, подготвени со внимание и љубов кон традицијата. Ве поканувам да дојдете, секоја ваша поддршка е инвестиција во домашното производство, локалната економија и развојот на руралниот туризам. Заедно да ја негуваме традицијата и да градиме поуспешна иднина за македонското земјоделство“, апелира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој се очекува да се обрати пред присутните учесници и посетители.

Настанот ќе биде збогатен со репертоар на познати музички изведувачи.

Саемот за храна го организира здружението „Наша традиција, наша иднина“ со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

реклама

Култура

Ен Карсон ја доби Нобеловата награда за литература за 2026 година

Read more

Две македонски книги влегоа во финалниот регионален книжевен избор „Штефица Цвек #5“ 

Read more

Почнува „Поетски слем Македонија“ - на програмата промоции, изложби, поетско-музички перформанси

Read more

Познати петте финалисти за наградата Драги за 2026 година

Read more

Вести

Питони, отровна змија и гуштер под седиштето: косовски државјанин се обидел нелегално да ги внесе во Македонија

Читај повеќе

Излезот од блокадата со Бугарија е во дијалогот, смета Мицкоски

Читај повеќе

Шефот на Ryanair ја смирува авиоиндустријата: Ќе има доволно керозин

Читај повеќе

Теснецот е одблокиран, зошто цените на горивата не паѓаат?

Читај повеќе

Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Читај повеќе

Попладнево пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Прикриеното етничко чистење на христијаните во Либан: Предупредување за Европа

Читај повеќе

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Читај повеќе

Од понеделник Безбеден град во Охрид

Читај повеќе