Канадската поетеса и писателка Ен Карсон ја освои Нобеловата награда за литература за 2026 година „за нејзиниот смел и инвентивен опус кој, во разигран дијалог со класичната традиција, создаде нови форми за современата литература“, соопшти денеска телото што ја доделува наградата.
Наградата ја доделува Шведската академија и вреди 12 милиони шведски круни (1,2 милиони долари).
Делото на канадската поетеса и есеистка Карсон често ги спојува стиховите, прозата, дијалогот и преводот во мешавина што ги побива жанровите.
BREAKING NEWS The 2026 #NobelPrize in Literature is awarded to the Canadian author Anne Carson, “for her bold and inventive oeuvre that, in playful dialogue with the classical tradition, has created new forms for contemporary literature.” https://t.co/YRvlRghlGG
— The Nobel Prize (@NobelPrize) October 8, 2026
Таа е широко позната по нејзините преводи на класична грчка литература, што силно влијае на нејзиното дело, кое се движи од оперски либрета до литературна критика и романи во стихови како што е Autobiography of Red („Автобиографија на црвеното“) од 1998 година.
Нејзиниот стил е најдобро се илустрира во Norma Jeane Baker of Troy („Норма Џин Бејкер од Троја“) од 2019 година, перформансно дело кое ги спојува приказните за Елена од Троја во драмата „Елена“ на Еврипид и Мерилин Монро.
Карсон зазема место во низата престижни имиња на претходни добитници на наградата што често ги поларизира мислењата меѓу љубителите на книгите, како Александар Солженицин, Алис Манро и Ернест Хемингвеј.
Академијата беше критикувана дека ги игнорира некои од книжевните титани од последните 120 години, како што се Лав Толстој, Вирџинија Вулф и Хорхе Луис Борхес, како и за игнорирање на американските автори - иако му ја додели наградата на кантавторот Боб Дилан во 2016 година - и ја обвинуваат дека е премногу опскурна во своите избори.
Поборниците велат дека Академијата направила популарни избори, како што се Колумбиецот Габриел Гарсија Маркес во 1982 година и Дорис Лесинг во 2007 година, тврдејќи дека дел од нејзината задача е да ги истакне помалку познатите книжевни традиции и да ги охрабри читателите да ги прошират своите хоризонти.
Воспоставени во тестаментот на шведскиот изумител на динамит и бизнисмен Алфред Нобел, наградите за достигнувања во литературата, науката и мирот се доделуваат од 1901 година.
Наградата лани ја освои унгарскиот писател Ласло Краснахоркаи, кого американската критичарка Сузан Сонтаг го нарече „господар на апокалипсата“.