Физиогномски белешки/потиснати соништа – ликовна изложба во галеријата Метаоја во Скопје

Вечерва, со почеток во 19 часот, во галеријата „Метаоја“ во Скопје, ќе биде прикажана ликовната изложба „Физиогномски белешки/потиснати соништа“.

Изложбата се состои од тресеттина ликовни дела изработени во Психијатриската болница во Демир Хисар и на неа учество ќе земат 11 лица: уметникот Тони Попов, историчарката на уметност Јасмина Котевска и 9 лица штитеници на Психијатриската болница од Демир Хисар.

„Физиогномски белешки/потиснати соништа“ се ликовни дела создадени од девет лица штитеници од Психијатриската болница во Демир Хисар за време на сликарските работилници во 2024 и во 2025 година предводени од ликовниот уметник Тони Попов. Сликарските работилници немаа цел само да создадат ликовни дела што ќе го збогатат творештвото на арт-брут уметноста во земјата, туку имаа и терапевтска функција. Станува збор за групни работилници во кои учесниците имаа можност да се запознаат, да ги разменат и искажат своите мисли и емотивни состојби, главно преку сликарството како примарна форма на комуникација. Резултатите се слики – визуелни дијалози со себе, интимни исповеди на потиснатите желби.

На изложбата ќе бидат прикажани слики што ликовно го обработуваат портретот како предмет на сликарско истражување и слики со архитектноски приказни.

Портретната уметност, покрај функцијата на претставување на физиономскиот лик на личноста што се портретира, во себе носи многу подлабоко значење и во суштина претставува визуелна претстава (физиогномска белешка) на карактерот и психолошко-емоционалните состојби на личноста, ликовно обликувајќи го невидливото во човекот.

Изложбата ќе биде отворена сè до 10 септември.

Тагови
реклама

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Култура

Страст, љубов и трагичен расплет – Кавалерија рустикана на сцената на Националната опера и балет на 11 септември

Read more

Дигитално реставрираниот Солунски атентатори премиерно ќе го отвори фестивалот Нем филм 2026

Read more

Кои ќе бидат гости на 13. „Скопје фелоушип“ на фестивалот ПРО-ЗА Балкан?

Read more

Црно злато - нова претстава на МНТ со потписот на Слободан Унковски и Дејан Дуковски

Read more

Вести

Мицкоски: Можеби не се живее онака како што посакуваме, но Македонија е подобро место од пред 3 години

Читај повеќе
  • filter

8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци

Читај повеќе

Канада возврати на САД: Стапија во сила царини до 50%

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај вечер во Скопје

Читај повеќе

Играњето на Трамп со мапата предизвика дипломатски скандал: Американскиот амбасадор во Исланд повикан на разговор

Читај повеќе

Ахмети: Да не се враќаме кон политиките што разделуваат, туку да одиме кон држава што обединува

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица со контра видео: Сè што не собра во славеничкото видео на власта

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме таква ќе имаме, да ги искорениме криминалот и корупцијата, да изградиме праведно општество

Читај повеќе

Демократски сојуз: Тежок пат до независност

Читај повеќе