Глумците ПЕАТ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

„Глумците ПЕАТ“ на 24 и 25 март повторно ќе го одбележат Светскиот ден на театарот во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:00 часот.

Годинава шоуто е посветено на македонската музика од различни периоди – песни што публиката ги знае, но ќе ги слушне во нова актерска интерпретација. Покрај соло изведби, на сцената ќе има и повеќе дуети и групни точки, што носат поинаква динамика и сценска енергија.

На сцената ќе настапат актери од повеќе генерации – со нови имиња кои за прв пат ќе бидат дел од проектот, но и со добро познатите што и досега ја кревале публиката на нозе.

Режијата е на Дејан Пројковски, а актерите ќе ги придружува оркестар под диригентска палка на маестро Љупчо Мирковски. Аранжманите се на Бобан Мирковски, кореографијата на Олга Панго, а костимографијата на Марија Пупучевска.

„'Глумците ПЕАТ' не е претстава, ниту концерт, туку спој на театар и музика што им овозможува на глумците барем една вечер да бидат поинакви од она што вообичаено го работат на своите сцени. Имаме многу талентирани уметници кои со голема посветеност ги подготвуваат своите точки и едвај чекаат да ги споделат со публиката“, велат организаторите.

„Глумците ПЕАТ“ со години се вбројуваат меѓу најпосетуваните сценски случувања во овој период. Проектот продолжува како наследство на Марин Бабиќ, кој во 90-тите го создаде шоуто, а подоцна беше возобновен од неговите ќерки Маја и Ира Бабиќ.

Картите за двата датума се во продажба преку платформата MkTickets.mk.

реклама

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Read more

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Што може новата ракета што Американците за прв пат ја употребија во Иран?

Read more

Почна сезоната на млад кромид: Зошто треба почесто да го јадете?

Read more

Култура

Почина актерот Кирил Поп Христов-Кили

Read more

Иван Шопов со Зентрифуга е македонски кандидат за Европската награда за литература за 2026 година

Read more

Вечер посветена на Тоше во Битола: Засекогаш во срцата по осми пат

Read more

Блокадафест пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Read more
 

Вести

Насилство меѓу малолетници-чираци во берберница во Арачиново

Читај повеќе

Извлечено тело на жена од Вардар во Скопје

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Читај повеќе

Португалски полицајци осомничени за мачење и силување, деветмина во притвор

Читај повеќе

166 милиони денари повеќе во буџетот на Скопје: Кружен тек кај Народна банка, две катни гаражи во Клинички

Читај повеќе
  • play_arrow

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Читај повеќе

Вучиќ и Рама со предлог за ЕУ: Србија и Албанија во Шенген, но без вето

Читај повеќе

Додека другите војуваат, Кина воведува закон за „етничко единство“

Читај повеќе