во рамки на МТФ „Војдан Чернодрински“ 2025

Избрани драмски текстови за пичинг-форумот „Драмолетање“

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, кој годинава го одбележува своето 59. издание, е една од наајзначајните манифестации посветена на театарската уметност во земјава.

 

Од 6 до 13 јуни 2025, Прилеп повторно ќе биде центарот на македонската театарска сцена, собирајќи ги најдобрите театри, режисери, актери и драмски автори од целата држава. Фестивалот е платформа за афирмација на современата македонска драма и простор за размена на идеи, иновации и уметнички визии. Оваа година, МТФ „Војдан Чернодрински“ ја проширува својата програма со нови иницијативи, како што е пичинг-форумот „Драмолетање“, создавајќи дополнителен простор за промоција на нови драмски гласови и поттикнување на продукцијата на македонски драмски текстови.

Преку вакви платформи, фестивалот не само што ја одржува традицијата, туку и ја гради иднината на македонскиот театар, мотивирајќи ги младите автори и професионалци да создаваат дела што ќе ја одразат комплексноста и динамиката на современото македонско општество. МТФ „Војдан Чернодрински“ останува симбол на креативноста, слободата на изразување и континуираниот развој на театарската уметност во Македонија.

Стручната комисија составена од м-р Петар Антевски (продуцент), м-р Шенај Мандак (режисерка) и Ангела Стојановска (актерка), по разгледување на 14 пристигнати драмски текстови, ги селектираше следните четири дела за учество на пичинг-форумот „Драмолетање“, кој ќе се реализира во рамките на МТФ „Војдан Чернодрински“ 2025: „Голи души“ на Иван Додовски, „Ложа“ на Марио Стојаноски, „Хитлер е жив“ на Ева Камчевска и „Чудесен лек“ на Коста Бојчески.

Овие текстови се избрани врз основа на три јасно дефинирани критериуми: оригиналност, релевантност и продукциска вредност. Комисијата особено ја истакнува разновидноста и креативноста на сите пристигнати пријави, нагласувајќи дека изборот бил тежок поради високото ниво на авторска интуиција и амбиција.

Оригиналноста беше клучен фактор – се вреднуваа нови драмски дејства, свеж драмски јазик и жив дијалог, со особен фокус на иновативниот пристап кон познати или универзални теми. Релевантноста подразбираше третирање на современи општествени теми со јасна вкоренетост во македонскиот контекст, а продукциската вредност се мереше преку потенцијалот за сценска реализација и адаптабилност во различни театарски простори.

Во однос на текстовите што не беа селектирани, комисијата упати искрена поддршка и препорака за нивна понатамошна разработка, посочувајќи дека многу од нив имаат потенцијал, но се соочуваат со драматуршки недостатоци како недоразвиено дејство, недоволна карактеризација и отсуство на драмска структура.

Пичинг-форумот „Драмолетање“ има за цел да ги поврзе авторите со режисерите, продуцентите и националните театри, создавајќи динамична платформа за промоција и реализација на нови македонски драмски текстови. Со оваа иницијатива, МТФ „Војдан Чернодрински“ уште еднаш ја потврдува својата улога како двигател на современата македонска драма и театар.

реклама

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Култура

Објавена книгата Семантиката на македонскиот роман на преминот од ХХ во XXI век од Марина Димитриева-Ѓорѓиевска

Read more

Изложба Фудбалски дресови на успешни деца во светот од Тиквешијата и пошироко

Read more

Кинотека на Македонија – Половина век филмска меморија

Read more

Почина писателот Георги Сталев Поповски, син на Стале Попов

Read more
 

Вести

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Читај повеќе

Ужасна несреќа во Тајланд: Кран падна врз воз, триесетина загинати

Читај повеќе

САД го запира издавањето визи за 75 земји

Читај повеќе

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Читај повеќе

ДУИ за една изборна единица бара со праг од 5%, за укинувањето на техничката влада предложи консултација со ЕУ и САД

Читај повеќе

Движењето ЗНАМ е за укинување на Пржинската влада и воведување една изборна единица

Читај повеќе
  • play_arrow

Иран заплени десетици Starlink антени

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев по лидерската: Изборен законик, Омбудсман, апанажи, патни трошоци, Кочани, Пржинска влада, минимална плата

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Читај повеќе