Јордан Симонов назначен за уметнички директор на МНТ

Директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, денеска го назначи актерот-првенец Јордан Симонов за уметнички директор на Македонскиот народен театар.

Имајќи ја предвид неговата долгогодишна актерска кариера, која започнува во 1989 година, како и неговото богато театарско и филмско искуство, како и режисерско назначувањето претставува природен и значаен чекор напред – како за него како актер, така и за развојот и идните цели на институцијата, велат од МНТ.

Неговото долгогодишно искуство и работата во различни жанрови – од драма, комедија и трагедија до мјузикл – претставуваат значаен придонес во уметничкиот развој на МНТ и создавањето нови професионални и творечки импулси во работата со колегите и соработниците.

Јордан Симонов е актер кој има добиено голем број на индивидуални награди за неговите улоги, како и колективни, тоа е резултат на неговата долгогодишна работа во претставите: Јуда (Евангелие по Јуда, 1993), режисер: Горан Тренчовски, продукција: Народен театар „Антон Панов“ – Струмица;Раскажувачот, Терсит (Троил и Кресида, 1993), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар; Кирил (Буре барут, 1994), автор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар; Спасе (МКС, 1995), автор: Војдан Чернодрински, адаптација и режија: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар; Мулино (Кројач за дами, 1996), автор: Жорж Фејдо, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;Марк (Шопинг анд факинг, 1998), автор: Марк Рејвенхил, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар; Рилов (Будење на пролетта 2000, 2000), автор: Франк Ведекинд, адаптација: Златко Славенски и Огнен Георгиевски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;Викон де Валмон (Опасни врски, 2002), автори: Шадорло де Лакло и Кристофер Хемптон, режисер: Љупчо Ѓоргиевски, продукција: Македонски народен театар;Христов (Црнила 005, 2005), автор: Коле Чашуле, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар;(Ревизор, 2006), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;Жан Пол Мара, Маркиз де Сад (Мара /САД, 2008), автор: Питер Вајс, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;Џонатан Харкер (Дракула, 2008), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;Пандар (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар, Адолф (Изгубени германци, 2012), автор: Дејан Дуковски, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар;Гијом (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;Соломон (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар; Понтиј Пилат (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар;Месарот (Дух, 2018), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;Филип (Мој термин, 2019), по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар; Пиерпоинт (Бесачи, 2019), автор: Мартин Мекдона, режисер: Јавор Грдев, продукција: Македонски народен театар; Павле (Лагата, 2022), автор: Флоријан Зелер, режисер: Бесфорт Идризи, продукција: Македонски народен театар;(12, 2024), во адаптација и режија на Синиша Евтимов, работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз, продукција: Македонски народен театар;Спиро (Народен пратеник, 2024), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Егон Савин, продукција: Македонски народен театар;Доктор Макаров (Варвари, 2025), автор: Максим Горки, режисер: Владимир Милчин, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар; (Сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“ Made in МNT, 2025), режисер: Дејан Пројковски, драматизацијата е на: Дејан Пројковски и Андреј Цветановски, продукција: Македонски народен театар; (Као какао, 2026), автор: Венко Андоновски, режисер: Дејан Пројковски, ко-продукција: Македонски народен театар и Баги продукција и многу други.

Симонов пред назначувањето на уметнички директор беше член во уметничкиот совет на МНТ.

Тагови
реклама

Како намалувањето на внесот на кофеин влијае на телото?

Read more

Која е разликата меѓу прашок, течен детергент или капсули за перење алишта?

Read more

Казнети возачите што вееја знамиња на улица и блокираа сообраќај во Скопје

Read more

Хегсет: Егзекуцијата со стрелање на поранешниот мајор ќе ја пренесуваме во живо

Read more

Култура

Ен Карсон ја доби Нобеловата награда за литература за 2026 година

Read more

Две македонски книги влегоа во финалниот регионален книжевен избор „Штефица Цвек #5“ 

Read more

Почнува „Поетски слем Македонија“ - на програмата промоции, изложби, поетско-музички перформанси

Read more

Познати петте финалисти за наградата Драги за 2026 година

Read more

Вести

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Читај повеќе

Од понеделник Безбеден град во Охрид

Читај повеќе

Потрошени над 340 милиони денари за прославата за 35 години независност, Митева го објави финансискиот извештај

Читај повеќе

Бугарија инсистира на гарантирање на правата на Бугарите; Петрова категорична, нема повторно преговарање за обврските на Македонија

Читај повеќе

Холанѓанец на боледување истрчал маратон и добил отказ, судот пресудил во негова корист

Читај повеќе

Ѓорѓиевски: Пристигнаа 3.300 нови контејнери за Скопје, најголема набавка во историјата

Читај повеќе

В недела дел од мостот Близнак ќе биде затворен поради поправка на оградата

Читај повеќе

Градоначалникот Кличко: Денес станува збор за опстанок – оние што можат, треба да го напуштат Киев

Читај повеќе

Томографот на Клиниката за радиологија е пуштен во употреба, тој на Хирургија сè уште се поправа

Читај повеќе