Како поминавме на промоцијата на DYSTOKYO во Скопје?

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 15.05.2025 / 15:21

Вечерта на 9 мај во Base24, додека неонските отсјаи и дигиталните гличеви се прелеваа низ просторот, имав чувство дека сум дел од некое алтернативно Токио, каде што поезијата, технологијата и уметноста се преплетуваат во едно живо, мултијазично и мултимедијално доживување.

Но овојпат, не бев таму само како новинарка од културната рубрика – бев и една од поетесите кои имаа чест да читаат на промоцијата на книгата „DYSTOKYO“ објавена во Токио во декември 2024 година, оригинално напишана на англиски јазик, а ги содржи делата на македонските автори Симон Калајџиев и Зориа Петкоска Калајџиева, кои веќе десет години живеат и творат во јапонската метропола. Скопската промоција во креативниот простор Base24 во организација на здружението ПАГОДА беше нивниот начин да го пренесат тој космополитски дух и кај нас.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by PAGODA (@pagoda_mk)

Сѐ уште ја носам во себе енергијата од таа вечер – просторот беше исполнет со љубопитност, радост и некоја чудна, но топла блискост меѓу сите присутни. Се чувствуваше дека се случува нешто посебно, нешто што ги надминува границите на обичната промоција на книга.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by PAGODA (@pagoda_mk)

Изложбата беше вистински визуелен спектакл: glitch art делата на Калајџиев и визуелната поезија на Зориа, создадени со интервенции на стари CD-а и флопи дискови, беа претставени во три различни форми – како физички печатени изданија, како анимирани проекции, и на екрани од стари компјутери, љубезно позајмени преку иницијативата „Донирај Компјутер“. Тие стари машини, со својата технолошка патина, беа совршен симбол за дигиталната дистопија што ја истражува книгата, но и за носталгијата по минатото, која се провлекуваше низ целиот настан.

Еден од најнеочекуваните моменти беше поетската програма во џакузито на Base24. Под магливи glitch проекции, се одржа панел-дискусијата „CHATROOM“, со проф. д-р Владимир Мартиновски, а во која учествуваа самите автори. Разговорот се прелеа во поетското читање „WORDBATH“, каде поезијата од книгата оживеа на пет јазици – јапонски, корејски, кинески, англиски и македонски. Преводите беа подготвени од еминентни професори и преведувачи: Џордан А. Ј. Смит, Спас Рангелов, Софија Јуан Ма и самата Зориа Петкоска К. Поезија заедно со мене читаа Чие Нагашима, Стефанија Зафировска, Сузана Недевска, Џулија Масети, Ана Голешка, Зориа Петкоска К. Секоја на својот јазик, секоја со својот глас, а јазичната разноликост само ја засили универзалноста на темите што ги допира „DYSTOKYO“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by PAGODA (@pagoda_mk)

Музиката, внимателно селектирана од Марко Николов, член на ПАГОДА, ја држеше атмосферата жива и динамична, додека специјалните коктели инспирирани од cyberpunk културата, подготвени од тимот на Zion Coffee & Bar, беа вистинско освежување за сите сетила. Но, вистинскиот момент на изненадување беше настапот на „Cyber Гатачот“ со Љупчо Нечовски, кој со својата интерактивна комуникација со публиката внесе доза мистерија, хумор и поп-културна магија, како да сме протагонисти во некоја сцена од омилените sci-fi филмови и видеоигри.

Се зборуваше дека ова е настан каков што ретко се случува во Скопје – многумина го споредуваа со светски културни случувања, а позитивните коментари не престануваа ни по завршувањето. „DYSTOKYO“ не беше само промоција на книга, туку вистински културен експеримент, што постави нови стандарди за тоа како современата уметност и поезија можат да се претстават тука, кај нас: инклузивно, технолошки, поетски, креативно и, пред сѐ, живо.

Книгата наскоро ќе биде достапна во кафе-книжарниците „Буква“ и „Шума“, како и преку организацијата ПАГОДА – за сите што сакаат да го продолжат ова дигитално-поетско патување.

реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

Голем пробив во преговорите: Се наѕира историски договор меѓу Иран и САД

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Култура

Левица со поддршка за протестот на културните работници

Read more

Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста

Read more

Дејан Дуковски: Драмата е жанр на криза и конфликт, а Балканот секогаш е такво место

Read more

Објавена програмата за 6. Скопски поетски фестивал

Read more
 

Вести

Русија објави мапа на локации во Европа: Ова се мети. Спијте мирно, партнери

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден од најсмртоносните руски напади врз Украина: Најмалку 17 мртви

Читај повеќе

Двајца мотоциклисти тешко повредени во две одделни сообраќајни несреќи во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Американски пилоти лаеле и мјаукале на фреквенцијата на контролата на летање

Читај повеќе

Прилепчанец во три дена ограбил малолетник, жена и аптека

Читај повеќе

Мајка на ученик физички нападна учителка на родителска средба во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија

Читај повеќе

Повратен билет за воз Прилеп-Битола од јуни ќе чини 150 денари

Читај повеќе

Британскиот совет ќе стане Национална агенција за Еразмус+

Читај повеќе