Концерт на пијано дуото Променада во Камерната сала на Филхармонијата

В понеделник, со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонија ќе настапи пијано дуото „Променада“ во кое свират пијанистките Татјана Божиновска и Билјана Димовска. На програмата се дела од Менделсон, Рахмањинов, M. Тајчевич/Б. Светиев и Равел.

Пијанистката Билјана Димовска е родена 1978 година во Битола. Во 2000 дипломира, а во 2003 и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на отсекот по пијано, во класата на проф. Тодор Светиев. Има настапувано на повеќе значајни манифестации во нашата земја: „Денови на македонската музика“, „Скопско лето“, „Битолско културно лето“ „Хераклејски вечери“, „Прилепско лето“, „Денови на полската култура во Македонија“, „Музички вторник“, „Златна лира“, „Интерфест“ – Битола. Добитничка е на повеќе државни и меѓународни награди, меѓу кои и Прва награда на Интернационалниот натпревар во Бугарија „Нашите деца го свират Бах“ и Специјална награда „Стефан Трајанов“, на истиот натпревар. Настапувала како солист со Македонската филхармонија и со Симфонискиот оркестар при ФМУ. Настапува и како камерен музичар, а во 2005 заедно со саксофонистот Боби Коминовски, снимија и цеде. Има учествувано на повеќе семинари и мастеркласи кај светски познати пијанисти. Од 2000 е вработена во Државното музичко училиште во Битола како професорка по пијано.

Пијанистката Татјана Божиновска е родена во 1980 година во Битола. Во 2002 дипломира, а во 2005 магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек пијано, во класата на проф. Тодор Светиев. Во 2014 ги завршува и докторските студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје, под менторство на проф. м-р Тодор Светиев и прoф. д-р Димитрије Бужаровски. Има одржано повеќе концерти и рецитали: Бугарија, Србија, Романија, Франција, Италија, Америка, Хрватска, Австрија, Норвешка, Полска, Турција… Настапила како солист со Македонската филхармонија и со Битолскиот камерен оркестар. Има настапувано на повеќе значајни манифестации како: „Охридско лето“, „Денови на македонската музика“, „Скопско лето“, „Хераклејски вечери“, „Битолско културно лето“, „Штипско лето“, „Прилепско лето“, „Пролетни вечери“, „Есенски музички свечености“, „Денови на полската култура во Македонија“, „Ден на културата во Битола“, „Музички вторник“, „Златна лира“, „Интерфест“ – Битола. Член е на триото „Интерарт“ со кое активно концертира во земјата и надвор, на меѓународни фестивали и натпревари, а имаат снимено и три цедеа. Добитничка е на повеќе државни и меѓународни награди.

реклама

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Read more

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Read more

24 мај 1964, најголемата фудбалска катастрофа

Read more

Култура

Полна сала на отворањето на 15-тиот Филозофски филмски фестивал

Read more

Концерт за чествување на Св. Кирил и Методиј во црквата Св. Софија во Охрид

Read more

Кинотеката петти пат дел од европскиот проект Сезона на филмските класици

Read more

Вечерва почнува 15. Филозофски филмски фестивал: Што ќе гледаме?

Read more
 

Вести

Во претреси во повеќе градови најдени оружје и муниција, има приведени

Читај повеќе

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака во Кипар

Читај повеќе

Politico: Германска компанија ги заобиколила санкциите и преку Словенија продала технологија на Русија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради ракометниот натпревар

Читај повеќе

Семејствата на жртвите во Пулс ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Читај повеќе

Пристигна одговорот на ЕУ на заканата на Трамп за царините

Читај повеќе

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Читај повеќе

Трамп: Ќе воведам царина од 25% на Apple ако не почне да произведува iPhone во Америка

Читај повеќе

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Читај повеќе