Македонски филмски триумф во Венеција: Силјан ја освои наградата за најинспиративен филм

Во срцето на Венеција, на најстариот и најпрестижен филмски фестивал во светот, Македонија испиша ново златно поглавје.

„Силјан“, новиот документарен филм на двојно оскар-номинираната режисерка Тамара Котевска, ја освои една од најретките награди на Биеналето – Cinema and Arts Award, позната и како Наградата на Музата, дел од официјалната натпреварувачка програма. Во конкуренција од 20 филмови за ова признание, „Силјан“ го освои првото место и беше прогласен за најинспиративен филм на биеналето.

Иако беше вон главната конкуренција („Out of Competition“) за Златен лав, токму „Силјан“ успеа да се издвои и да замине од Венеција со врвно признание.

„Out of Competition“ е официјална секција на фестивалот, втора по важност веднаш зад „In Competition“. Во неа традиционално се вклучуваат светски автори како Werner Herzog и Sofia Coppola, кои своите нови дела ги претставуваат пред глобалната публика, додека нивните филмови паралелно патуваат и на други А Категорија фестивали. „Силјан“ е еден од ретките филмови што во исто време го освоија и Венеција и Торонто, па токму оваа престижна позиција овозможи да блесне на двете најголеми сцени годинава.

„Ова е мојот најважен филм досега, затоа што во секоја смисла беше најголемиот предизвик за мене и како режисерка и како продуцентка на документарци. Го започнав во време кога филмската индустрија во мојата земја беше во длабока криза, и токму затоа решив да тргнам сама, не сакав да стојам во место. Филм започнат со толку лична инволвираност и страст, за само две години прерасна во она што е денес. „Силјан“ е моја лична приказна, поврзана со моите корени и мојата култура, и затоа можев толку искрено да ја преточам во овој храбар и артистички филм,“ изјави Тамара Котевска за време на доделувањето на наградата.

„Силјан“ е документарна бајка инспирирана од македонскиот фолклор од XVII век. Филмот ја следи судбината на Никола, земјоделец кој по тешка криза останува сам и на депонија пронаоѓа бел штрк со повредено крило. Од таа средба започнува магична врска што станува метафора за човечкиот опстанок, нежност и надеж. „Во најзаборавените, но најбогати и живописни предели успеав да најдам приказна што е совршено огледало меѓу животите на белите штркови и човештвото воопшто,“ вели Котевска.

Официјалниот критичар на Венецијанското биенале (Venice Film Festival) вели дека приказната за „Силјан“ има истата извонредна и ненаметната универзалност како „Honeyland“, но со многу подлабок уметнички израз.

Филмот зад себе има импресивен меѓународен тим – од Ciconia Film, преку Concordia Studios и The Cornershop, до продуцентката Anna Hashmi. Jean Dakar стои зад мајсторската кинематографија, а Мартин Иванов ја обликува приказната со беспрекорна монтажа. Музиката е дело на Joe Wilson Davies и Hun Oukpark од студиото на Hans Zimmer и создава повеќеслоен звук што станува невидлив лик во филмот. Јорданчо Петковски е клучен продукциски соработник на Котевска со кого веќе има долгогодишна успешна соработка. Само две недели пред заминувањето во Венеција, тимот го заврши снимањето на првиот долгометражен игран филм на Котевска, „Човек против јато“.

Hollywood Reporter го нарекува филмот „апсолутен шармер, трогателен поглед на врската меѓу човек и птица, со сите нејзини мистерии, топлина и практични предизвици„. Критиката посочува дека „со мајсторска widescreen кинематографија од Jean Dakar, беспрекорна монтажа од Мартин Иванов и повеќеслоен музички запис од Davies и Oukpark, филмот се движи меѓу раскошни пејзажи и интимни сцени, создавајќи највозбудливи секвенци што фокусот го ставаат на невозможно елегантните птици и нивните гнезда на покриви, камбанарии и електрични столбови“.

реклама
[Кајгана препорака]: #СедиДома и слушај македонска музика

[Кајгана препорака]: #СедиДома и слушај македонска музика

Read more
Облачно со повремен дожд

Облачно со повремен дожд

Read more
Австралија на чекор од искоренување на еден од најопасните видови на рак

Австралија на чекор од искоренување на еден од најопасните видови на рак

Read more
Поранешниот тренер на Реал Мадрид го презема Вест Хем

Поранешниот тренер на Реал Мадрид го презема Вест Хем

Read more

Култура

СВП контра Љутков: Никогаш немало предлог да се укинат Струшките вечери на поезијата

Read more

Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон Centar Night Run

Read more

МакеДокс - фестивал на кој не се доаѓа само за да се гледаат филмови

Read more

„Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Read more

Вести

Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење

Читај повеќе

Јужна Кореја ја повикува Северна на дијалог: Сакаме траен мир

Читај повеќе

СВП контра Љутков: Никогаш немало предлог да се укинат Струшките вечери на поезијата

Читај повеќе

Проширувањето на ЕУ на пресвртница: Кој прв ќе оди во Брисел?

Читај повеќе
  • play_arrow

Земјотрес со јачина од 5 степени ја погоди јужна Шпанија

Читај повеќе

Работници нашле злато вредно 9 милиони евра копајќи канализациска цевка

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Разорен земјотрес од 7,7 степени во Индонезија, најмалку 20 мртви

Читај повеќе
  • play_arrow

27 пожари на отворен простор за едно деноноќие, во Прилепско нападнати пожарникари

Читај повеќе

Преку ден сончево, попладне локален пороен дожд

Читај повеќе