Нови пронајдоци на локалитетот Расница: Откриено богато војничко погребување од VI век

Богато војничко погребување од VI век пред новата ера е откриено на археолошкиот локалитет Расница кај струшкото село Корошишта. Во гробот се пронајдени штит, шлем, копја, меч, како и богати прилози изработени од злато, бронза и килибар, соопшти Министерството за култура.

Оттаму велат дека ова откритие следува по монументалните наоди од 2024 година, кога археолошките истражувања на локалитетот го привлекоа вниманието на јавноста со откривањето на богата гробна целина.

Тогаш беа пронајдени бронзен шлем со златни апликации, бронзен штит, златни предмети, килибарни и стаклени мониста, сребрени игли и повеќе бронзени садови.

„Најновите резултати дополнително го потврдуваат карактерот на Расница како архајска некропола и отвораат нови можности за проучување на погребните обичаи, воената и општествената структура, како и елитите што живееле во Охридско-струшкиот Регион во VI век пред новата ера“, велат од Министерството.

Истражувањата ги спроведува Националниот археолошки музеј од Скопје, во соработка со Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид и Управата за заштита на културното наследство.

Според надлежните, новите наоди претставуваат значаен придонес за проучувањето на архајскиот период во Македонија.

„Со континуираните истражувања, Расница сè повеќе се издвојува како еден од значајните археолошки комплекси од овој период во земјава“, велат од Министерството.

Тагови
реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

Кос: Добив јасни сигнали дека нема смисла да барам средба со Јанша

Read more

Брз и вкусен ручек за по работа: Печена брокула со кашкавал и павлака

Read more

Култура

Нуркачот Бартуомјеј Питала прогласен за почесен граѓанин на Скопје

Read more

Откриен доцноантички полихромен мозаик на локалитетот Пеленица кај Драчево

Read more

На свечена академија во Битола доделени четвртоноемвриските награди

Read more

„Сестра, брат и шахта“ на Манчевски го освои Токио: Првпат по 32 години македонски филм победи на фестивал од А-категорија 

Read more

Вести

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Читај повеќе

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Читај повеќе

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Читај повеќе

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Читај повеќе

Уапсени осум полицајци за смртта на Далибор Драгијевиќ, брат на обвинет за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Скопјанец приведен за сексуална уцена и изнуда

Читај повеќе