Новото издание на МакеДокс почнува на 21 август во Куршумли-ан

Отворањето на 16-тиот МакеДокс ќе се одржи на 21 август (четврток), од 20:30 часот, во Куршумли-ан. На програмата се краткиот документарен филм „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот документарен филм „Само на земјата“ на Робин Петре.

Филмот „Бардо“ (Чешка, Словачка / 2025 / 27 мин.) носи длабок здив со искуства што навлегуваат уште подлабоко и темна амбиентална музика како придружник. Инспирирана од бардо, тибетско име за граничната состојба помеѓу смртта и повторното раѓање, авторката Вјера Чакањова тргнува на фасцинантно метафизичко патување кон темнината. Преку генеративна анимација, таа ги придвижува и материјата и мислите. На крајот, се чини дека најголемиот предизвик е враќањето во реалноста.

Долгометражниот документарен филм „Само на земјата“ (Данска, Шпанија / 2025 / 92 мин.) на Робин Петре е неверојатно примамливо и визуелно впечатливо патување во Јужна Галиција, една од најранливите зони на шумски пожари во Европа. За време на најжешкото лето досега, и луѓето и животните се борат со околностите како што наближуваат неизгасливите пожари.

На отворањето на фестивалот на 21 август во Куршумли-ан ќе биде поставена изложба на фотографии од Томислав Георгиев кои произлегоа од Патувачкото кино на МакеДокс во Кочани.

Во музичкиот сегмент „Ноќни приказни“, со почеток од 23 часот, концерт ќе одржи гитаристот Мухамед Ибрахими.

Мухамед Ибрахими е мултиинструменталист на жичени инструменти од Скопје, познат по својот неконвенционален, интуитивен и длабоко инспиративен пристап кон гитарата, мандолината и сазот (традиционален долговратен жичен инструмент). Неговата музика спојува различни стилови – блуз, рок и амбиент – но останува цврсто вкоренета во ориенталната (суфи) традиција и албанско-балканскиот фолклор. Преку оваа смела, но елегантна фузија, Ибрахими создава уникатни звучни пејзажи каде што се појавуваат изненадни хармонии, нудејќи му на слушателот автентично и восхитувачко музичко доживување.

Полноќната музичка програма ќе продолжи со диџеј-сет на Шурбе.

Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс ќе се одржи од 21 до 28 август со програма распоредена во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје. Мото на 16-тиот МакеДокс е „Кому му е гајле за реалноста?“. На фестивалот ќе бидат прикажани 75 документарни филмски остварувања, а се очекува присуство на околу 100 гости од странство.

Целосната програма може да се пронајде на официјалната веб-страница на МакеДокс (www.makedox.mk), а може да се симне и фестивалската апликација.

Партнери на МакеДокс се ППФП, МКЦ - Младински културен центар, Кинотека на Република Северна Македонија и фестивалската мрежа Doc Around Europe.

Шеснаесеттото издание на МакеДокс е поддржано од Агенција за филм на Република Северна Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Институтот „Јунус Емре“ - Скопје, Амбасада на Франција, Француски институт, Амбасада на Кралството Холандија, Австриска Амбасада, Казино Австрија, Грчки филмски центар, Гете институт, Скопско смут, Амбасада на Република Чешка, Чешкиот културен центар во Софија, Младинскиот културен центар, Музеј на Македонија, Археолошки музеј, Факултет за ликовни уметности, такси „Глобал“.

Медиумски покровители на 16-тиот МакеДокс се МТВ - Прв програмски сервис, Кајгана Медиа, Слободен печат, Нова Македонија, Еспресо.мк, МКД.мк, УМНО.мк, СДК.мк (Сакам да кажам.мк), Плус Инфо, Окно, Офф.нет, Е-магазин, Лице в лице, Радио МОФ, Радио Џез ФМ, Радио Канал 103, Радио Антена 5, Радио Бубамара, Лајф Радио, Поп-ап, Види Вака, Гледај.мк, Култура Бета, Трн, Блен.мк и Медуза.

Тагови
реклама

Европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Вучиќ го нападна Маѓар

Read more

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Култура

Левица со поддршка за протестот на културните работници

Read more

Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста

Read more

Дејан Дуковски: Драмата е жанр на криза и конфликт, а Балканот секогаш е такво место

Read more

Објавена програмата за 6. Скопски поетски фестивал

Read more
 

Вести

Сиљановска-Давкова постхумно го одликува Анастас Коцарев со Орден Илинден – 1903 година

Читај повеќе

Се отвора најдолгата железничка рута во ЕУ

Читај повеќе

Татко се самозадоволувал и прикажувал порнографски содржини пред својот малолетен син

Читај повеќе

Германска пиварница повлекува пива поради ризик од експлозија на стаклената амбалажа

Читај повеќе

Зеленски: Трамп не е на страната на Украина

Читај повеќе
  • filter

Омилената вила на Путин сега е заштитена со 27 системи за воздушна одбрана

Читај повеќе

УЈП: Нема нов данок за приходи од странство, се применуваат постојните закони

Читај повеќе

Како промената на владата во Унгарија ќе влијае на ЕУ?

Читај повеќе

Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април

Читај повеќе