Планинарскиот клуб Љуботен го прославува стотиот роденден со документарен филм за вековното постоење

Сто години истрајност, љубов кон планината и заедништво – сега преточени во филм. Планинарскиот клуб Љуботен од Тетово, најстариот планинарски клуб во Македонија, годинава одбележува еден век постоење со документарен филм кој прв пат во земјава го прикажува животот, предизвиците и подвизите на едно планинарско друштво.

Документарецот го следи развојот на клубот од неговото основање во 1925 година, преку изградбата на домовите на Шар Планина, до денешните генерации кои ја продолжуваат традицијата. Филмот е изграден врз лични сведоштва на активни членови, архивски снимки и современи кадри, и прикажува еден век на љубов кон планината, истрајност, пријателство и посветеност кон заедницата.

„Ова е редок настан кој се случува во Македонија – значаен за планинарството, планинскиот туризам, градот Тетово и целата држава“, вели Јован Божиновски, претседател на клубот. „Кога ќе се застане на врвот и ќе се почувствува тишината на планината, сфаќаш дека ова не е само клуб. Ова е семејство, ова е љубов што трае 100 години.“

Од идеја до симбол на планинарството

На 23 март 1925 година, група визионери од Тетово, предводени од шумарскиот инженер Орестије Крстиќ, го формираат тогашното Планинарско-туристичко друштво „Љуботен“. Првите децении биле скромни, но полни со ентузијазам – веќе во 1931 и 1934 година биле изградени првите планинарски домови во Македонија.

„Ако го земеме фактот дека само шест години по формирањето, на Љуботен и Попова Шапка никнуваат домови, ќе сфатиме дека тие луѓе имале визија и свест за тоа што значи планинарството – не само како спорт, туку како култура и заедништво“, објаснува Божиновски.

Во 50-тите години клубот броел и по 950 членови. Од тогашните ентузијасти произлегле генерации што ги поставиле темелите на современото планинарство во земјата.

Хроника на вековна страст кон планината

Филмот ја раскажува историјата низ пет епохи – од првите патеки по Шар Планина, скијачките подвизи пред Втората светска војна, па сè до новото доба на дигитални мапи и апликации.

Снимањата се реализирани на повеќе локации – во Тетово, Попова Шапка, Љуботен, Лешница, Маврово и Тетовско Кале, со што публиката добива целосна и жива слика за тоа како клубот растел, се менувал и преживувал низ општествени и историски турбуленции.

„Нашите успеси не се само во искачените врвови, туку во луѓето кои ја носат љубовта кон планината во срцето“, додава Божиновски. „Традиционалното искачување на Титов Врв, кое го организираме 43 години по ред, секогаш обединува стотици планинари од Балканот и Европа. Тоа е нашата гордост – симбол на пријателство и единство.“

Од Шара до Килиманџаро – дух што не познава граници

Во документарецот се појавуваат и ретки архивски фотографии и видеа од искачувања на членовите на клубот на врвови како Килиманџаро (1988) и Алпи (2019 и 2025).

Клубот денес брои околу 150 активни членови, меѓу кои и осум професионални водичи со меѓународна IML-лиценца. „Секој кој има љубов кон природата може да биде планинар“, вели Божиновски. „Но, планинарството бара учење, дисциплина и почит кон планината. Тоа е активен одмор, но и духовен раст.“

Шара – планина што чува спомени

Документарниот филм е омаж на Шар Планина – нејзините врвови, долини, извори и луѓе што ги поврзува. Тоа е приказна за љубов што трае 100 години, и што ќе продолжи и во следниот век.

„Иднината на клубот е во рацете на следните генерации“, вели Божиновски. „Но, ако нешто научивме во првиот век – тоа е дека љубовта кон планината не се гаси. Таа само расте.“

Дел од документарниот филм за 100 години постоење на Планинарскиот клуб Љуботен премиерно ќе биде прикажан на Свечената Академија на 15 ноември.

Филмот е редок културен настан кој ја спојува историјата, спортот, природата и духот на заедништвото – вистинска инспирација за сите генерации.

реклама

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Read more

Денвер на смешен начин ја одбил понудата на Панатинаикос за Јокиќ летово

Read more

Трамп потпиша: Отсега па натаму, за деца се препорачуваат само 11 вакцини

Read more

10 август е краен рок: Дали ги заштитивте вашите фотографии на Google Photos?

Read more

Култура

Џез-вечери од 13 до 16 август на Охридско лето

Read more

Во Охрид почнува Силно светнал ден – бесплатен музички спектакл со 30 македонски изведувачи

Read more

Почнува 10-тото јубилејно издание на фестивалот на краток филм Drim Short

Read more

Фестивалот Охридско лето денеска одбележува 66 години од постоењето

Read more

Вести

Еболата брзо се шири во ДР Конго: Бројот на смртни случаи надмина 2.000

Читај повеќе

Левица: Власта го сведе животот на работникот на „препорака“ – газдата одлучува дали пеколните температури се доволно опасни

Читај повеќе

ЕЦБ ѝ одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП: Зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра

Читај повеќе

Земја каде што има 30 милиони повеќе мажи од жени: Експресните бракови ги водат Кинезите во финансиски проблеми

Читај повеќе

Трамп потпиша: Отсега па натаму, за деца се препорачуваат само 11 вакцини

Читај повеќе

Од 9 часот ќе нема струја во дел од Центар и Сопиште

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Русија ги преплави украинските градови со балистички ракети: 5 мртви во Запорожје

Читај повеќе

Денеска и во среда сончево и многу топло, в четврток пороен дожд, ветер и грмежи

Читај повеќе
  • play_arrow

Разорен земјотрес ја погоди Колумбија, најмалку 49 загинати

Читај повеќе