Почнува караванот за младинска, алтернативна и критичка култура „Тригер“ на Култура Бета

Утревечер во барот „Љубов“ со почеток во 20 часот започнува караванот за младинска, алтернативна и критичка култура „Тригер“ во организација на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“. Настанот се случува во рамки на програмата на Скопје прајд викенд.

Караванот за младинска, алтернативна и критичка култура „Тригер“ е серија настани низ шест градови во земјава (Скопје, Куманово, Битола, Охрид, Тетово и Штип) фокусиран на промоција на новите броеви од списанието за општа култура „Тригер“ кое го издава „Култура Бета“. Во секој град, покрај промоција на списанието ќе се случуваат и други културни настани како промоции на книги, изложби, проекции на филмови, музички настани и сл.

Првиот настан којшто ќе се случи утре во 20 часот во барот „Љубов“, а кој е во коорганизација со фестивалот Скопје прајд викенд опфаќа промоции на вториот број од списанието „Тригер“, изборот од современата македонска поезија „Згужвани граници“, поетско читање на застапените автори во изборот и диџеј сет на ЕлектраБлосом. 

Настанот ќе го модерира Андреј Медиќ Лазаревски, а промоторката Ивана Јовановска во разговор со Марија Велинова и Стефан Спасовски ќе ги упати присутните во значењето на списанието „Тригер“, како и изборот „Згужвани граници“. 

Караванот за младинска, алтернативна и критичка култура „Тригер“  е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.
Проектот „Култура за развој“ го поддржува независниот културен сектор во Република Северна Македонија, користејќи ја културата и уметностите за поттикнување критичко размислување за општествените прашања важни за локалните заедници. Целта е да се стимулира поотворено и демократско општество преку јакнење на социјалната кохезија, демократските процеси и општествениот дијалог, како и преку охрабрување на соработката меѓу културните институции. Проектот „Култура за развој“ е поддржан одВладата на Швајцарија, а се имплементира од страна на Хратефакт Фонд од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година.

реклама

Грците веќе не простуваат: Дронови ги демнат плажите, казни летаат на сите страни

Read more

Голем пресврт за 4 хороскопски знаци до крајот на јули: Доаѓа она што е ваше!

Read more

Две малолетни деца и 18-годишник биле однесени од надојдената вода во реката Треска

Read more

Пред 19 години го бањаше како бебе, сега ќе играат мундијалско финале еден против друг

Read more

Култура

Општина Чаир: Од 23 до 26 јули ќе се одржи првото издание на Меѓународниот музички фестивал Чаршија

Read more

Почнува меѓународниот фолклорен фестивал Гази Баба 2026

Read more

Бесплатни проекции на македонски филмови на големото платно

Read more

Изложба на мозаици на академскиот сликар и мозаичар Ѓорѓи Томовски во Охрид

Read more

Вести

Русија го нападна Суми со 5 бомби, погодена е цивилната инфраструктура

Читај повеќе

Делови од Горно Соње и Бардовци денеска без струја

Читај повеќе

Ќе нема вода во дел од Ченто

Читај повеќе

Температурите денеска до 39 степени, попладне дожд и грмежи

Читај повеќе

Трамп драстично го намалува времето што странските студенти и новинари можат да го поминат во САД

Читај повеќе

Времето утре сончево и топло, попладне локален дожд и грмежи

Читај повеќе

Кремљ: Тешкотиите во руската економија не се критични

Читај повеќе

Пресуда за уривањето на мостот во Џенова при што загинаа 43 лица

Читај повеќе

Со украдени лични податоци на граѓани подигнале околу 3 милиони денари брзи кредити, меѓу обвинетите и вработен во ФЗО

Читај повеќе