Познати петте финалисти за наградата Драги за 2026 година

Жири-комисијата за доделувањето на наградата Драги во состав: Иван Џепароски (претседател), Владимир Цветкоски (член) и Јана Михајловска (член) преку долга дискусија во третиот и последен круг на селекција одлучи да влезат пет препеви објавени од три издавачки куќи (Струшки вечери на поезијата, ПНВ публикации, Полица) кои, заедно со уште неколку други, веројатно имаат и најголем придонес во популаризација на поезијата во нашата културна средина.

Препевите се авторско дело на пет искусни преведувачи и се направени од три различни светски јазици (англиски, холандски, кинески). Делата што влегуваат во финалната селекција (подредени по азбучен ред, според првата буква од името на препејувачите):

1. Ана Пејчинова за препевот од англиски јазик на „Избрани песни“ од Радјард Киплинг, издание на Полица, 2024 година;

2. Даниела Спироска за препевот од англиски јазик на „Песни“ од Дилан Томас, издание на ПНВ Публикации, 2026 година;

3. Ели Пујовска за препевот од холандски јазик на „Златен венец – одбрани песни од Анеке Брасинга“, издание на Струшки вечери на поезијата, 2026 година;

4. Игор Радев за препевот од кинески јазик на „Безначајни песни“ од Шји Чуан, издание на Струшки вечери на поезијата, 2026 година;

5. Никола Ѓелинчески за препевот од англиски јазик на „Неред“ од Питер Мекеј, издание на Струшки вечери на поезијата, 2026 година.

Добитникот на наградата Драги за 2026 година ќе биде соопштен на денот кога се одбележуваат 75 години од раѓањето на Драги Михајловски, 16 октомври (петок), од 12 часот во аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, со пригодна свеченост во чест на добитникот и номинираните.

Во истата пригода ќе биде доделена и интернационалната награда Драги на проф. д-р Борислав Павловски од Хрватска, чие доаѓање во Скопје е потврдено.

реклама

Зетот на Трамп има визија: Крои нова карта на Европа

Read more

Кумот на AI: Ни се заканува колапс на банките и електричната енергија уште годинава

Read more

Лекот за мрзливи црева се става во утринското кафе, а ќе ве чини 50 денари месечно

Read more

Како телото ви праќа знаци дека имате покачен холестерол?

Read more

Култура

Караванот „Тригер“ доаѓа во Штип: Промоција, разговор, изложба и диџеј сет

Read more

12-то издание на Битола Шекспир фестивал за прославата на 82 години постоење на Народниот театар Битола

Read more

Нуркачот Бартуомјеј Питала прогласен за почесен граѓанин на Скопје

Read more

Откриен доцноантички полихромен мозаик на локалитетот Пеленица кај Драчево

Read more

Вести

Русија во една база собра 47 бомбардери способни да носат нуклеарно оружје

Читај повеќе

Мицкоски објави документ од 2023: Владата на СДСМ и ДУИ одобрила Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка на Мацура

Читај повеќе

Ќе биде пуштен нов граничен премин со Косово: 200 камиони јаглен дневно ќе одат за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј

Читај повеќе

Кушнер: Утре патуваме во Москва на средба со Путин

Читај повеќе

Прегазена 74-годишна битолчанка

Читај повеќе

Дојави за бомби во 300 училишта низ Италија

Читај повеќе

Паѓа продажбата на станови во Македонија, сè повеќе луѓе одат „под кирија“

Читај повеќе

Украина го одби американскиот план

Читај повеќе

Германската војска престанува да користи дронови од кинеско производство

Читај повеќе