Прекината претстава во МНТ: Публиката ќе треба да плати пак за да го види крајот

Македонската адаптација на наградуваната театарска претстава „Ангели во Америка“ од Тони Кушнер имаше закажана изведба синоќа од 20 часот во Македонскиот народен театар во Скопје.

Публиката во речиси полната сала со возбуда ја чекаше изведбата по повод Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, 1 декември. Околу два часа подоцна, пред самата завршница на претставата од 160 минути што содржи комплексна сценска ротација, актерката Тања Кочовска се појави на сцената и ја извести публиката дека поради „технички проблем“ нема да бидат во можност да продолжат понатаму со изведбата, се извини и напомена дека ќе има можност присутните да ја гледаат претставата повторно, во целост, без дополнителен надомест.

Но, тоа не беше одговорот што нашата редакција го доби од МНТ денеска, откако беа контактирани во врска со прекинот на изведбата. Надлежните служби при НУ Македонски народен театар во комуникација преку е-пошта рекоа дека „причината за прекинот е од техничка природа и е во делот на интелигенцијата на вагонот за сценската ротација.“

„Проблемот е решен, но причината сè уште се утврдува. Најверојатно е во доменот на краткотрајна флуктуација на напојувањето со електрична енергија“, рекоа оттаму, додавајќи дека проблемот бил решен „за помалку од десет минути“, на прашањето дали сцената технички ќе биде функционална за изведби на останатите претстави на репертоарот на МНТ.

На нашето прашање дали сцената на МНТ е безбедна за актерите, од МНТ рекоа дека „вчерашниот проблемот со дел од сценската технологија никако не е поврзан со безбедноста на публиката, актерите и помошно-техничкиот персонал“.

„Покрај тоа, безбедноста на и во театарот е од мултидисциплинарен карактер и е на највисоко можно ниво.“

Но, публиката на која вчера ѝ беше ускратено големото финале на монументалната претстава „Ангели во Америка“ ќе треба да плати повторно ако сака да го види сценскиот спектакл во кој играат Јордан Симонов, Тања Кочовска, Наталија Теодосиева, Дамјан Цветановски, Стефан Спасов, Александар Стоименовски, Илин Јовановски и Нела Павловска.

„Основa за рефундација нема бидејќи претставата се одиграла и не била одложена, публиката уредно влегла на настанот и ја гледала сè до моментот на прекинот кој се случил пред самиот крај на претставата, и проблемот бил надминат“, ни одговорија од МНТ.

„Ангели во Америка - Среќна фантазија на национални теми  Дел I: Милениумот наближува“ во режија, превод и кореографија на Филип Петковски имаше премиера на 1 септември годинава. Продуцент е Петар Антевски, сценограф Мартин Манев, а костимограф: Антонија Гугинска-Јорданоска.

Претставата се реализира како копродукциски проект меѓу Македонскиот народен театар и Здружението за афирмација на театарската уметност „Пресврт“ –  Скопје. Поддржана е од Министерството за култура на РС Македонија, Europe House Скопје, Коалиција „Заедно посилни“ и Германската амбасада во Скопје.

Приказната во делото се случува во Њујорк кон средината на 1980-тите, кога со САД владее Роналд Реган – ера обележана со конзервативна политика која промовира таканаречени „семејни вредности“ и тивка, но погубна, јавна незаинтересираност за епидемијата на сида. Во овој политички и општествен превир, Кушнер се фокусира на четири геј ликови: Прајор Волтер, кој штотуку дознава дека е ХИВ-позитивен; неговиот партнер Луис, кој се бори со стравот од болеста и немоќта да му помогне на партнерот; Џо Пит, Мормон и скриен геј маж кој се справува со својата религија и сексуална ориентација; и Харпер, неговата сопруга која е зависна од апчиња и често бега во свет на халуцинации за да го издржи распадот на нивниот брак. Овие приказни се испреплетуваат и со реални историски личности, како познатиот адвокат Рој Кон кој јавно ја негирал сопствената хомосексуалност, но на крајот умира од СИДА.

Наместо да се фокусира на стереотипни и комични прикази на квир луѓето, претставата се фокусира на приказни за љубов под незамислив притисок, за страв и храброст, за вера и сомнеж, за човечката потреба да се најде надеж дури и кога светот изгледа решен да ја уништи. СИДА-та во оваа претстава не е само болест – таа е и симбол за начинот на кој општеството се однесува кон сите оние кои се ранливи, особено во ситуации кога е политички „погодно“ да ја свртиме главата настрана.

На 6 декември претставата ќе игра во Народниот театар во Битола.

Тагови
реклама

Култура

Зимски МакеДокс на Синедејс

Read more

Отворен конкурсот за годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија

Read more

Прекината претстава во МНТ: Публиката ќе треба да плати пак за да го види крајот

Read more

Почнува 24. Синедејс со репертоар од над 50 европски остварувања

Read more
 

Вести

Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Читај повеќе

Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото

Читај повеќе

Тошковски доби опомена од Безбеден град – возел со 1 км/ч над дозволената брзина

Читај повеќе

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Читај повеќе

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Читај повеќе

Денеска дожд, од утре сонце

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Читај повеќе

Што сè заплени Царината изминатава недела?

Читај повеќе