Премиерата на Магбет ќе го отвори фестивалот Шекспир и ќе го одбележи 81. роденден на Битолскиот театар

Со премиерата на „Магбет“ во режија на унгарскиот режисер Иштван Сабо, на 14 ноември ќе биде свечено отворено 11-тото издание на Шекспир фестивалот во Битола, кој оваа година се совпаѓа со 81. роденден на Народниот театар Битола.

На денешната прес-конференција директорот на театарот, Васко Мавровски, истакна дека одлуката фестивалот да се одржи во есенски период е донесена затоа што културата не смее да биде резервирана само за летните месеци.

Тој се осврна и на успесите на Битолскиот театар во изминатиот период: „Ричард III“ доби специјална награда за најдобра претстава на фестивалот „Ристо Шишков“, „Снежана и седумте џуџиња“ гостуваше на фестивалите „Силјан Штркот“ и „Малиот принц“, „Рибарски караници“ беа дел од Денови на комедијата, „Отворено море“ гостуваше во Полска. „Магбет“ со екипа од 39 членови: спектакл што отвора нова димензија на Шекспир.

Мавровски ја најави „Магбет“ како спектакл од тип што одамна не се видел во Битолскиот театар, со екипа од 39 лица.

„Ова е претстава што отвора нови димензии на размислување како може да се постави Шекспир – трагедијата на работ меѓу комедија, гротеска и епска драма“, рече тој, додавајќи дека Иштван создал „епохално дело што ќе се памети“.

Истакна дека успеале да ја вклопат целата програма во буџетот добиен од Министерството за култура и Општина Битола.

Бесплатен влез за сите претстави

„Додека сум менаџер на овој театар, влезниците за Шекспир фестивалот ќе бидат бесплатни“, најави Мавровски, нагласувајќи дека салата повторно е преполна, а публиката зголемена за 60-70%.

„Учениците и гимназијалците се вратија, не држат на сцената со 15-минутен аплауз. Тоа е магијата на театарот“, додаде тој.

Екипата на „Магбет“ ја сочинуваат асистент на режија: Јован Ристовски, сценограф: Валентин Светозарев, костимограф: Благој Мицевски, композитор: Ерно Веребес, видео дизајн: Сергеј Светозарев, светло: Горан Петровски, тон: Николче Терзиевски, видео оператор: Владимир Переловски, инспициент: Димитар Михајловски / Оливер Петровски, суфлер: Мирјана Христовска.

Улогите ги толкуваат: Александар Димитровски, Никола Стефанов, Мартин Мирчевски, Јулијана Мирчевска, Борче Ѓаковски, Огнен Дранговски, Катерина Аневска Дранговска, Мартин Митровски, Филип Мирчевски, Александар Стефановски, Иван Јерчиќ, Никола Пројчевски, Петар Спировски, Живко Борисовски, Соња Михајлова, Ана Грамосли, Марија Стефановска, Марија Цветановска, Ива Лазарова.

Режисерот Иштван Сабо истакна дека работата била „прекрасно искуство“ со талентирана екипа:

„Мајерхолд рекол дека вистинскиот начин да се прави театар е гротеската, затоа што човековата природа е гротескна сама по себе. Тоа го истражуваме во оваа претстава.“

Актерот Мартин Мирчевски,вели дека процесот бил „поинаков и инспиративен“, а актерката Јулијана Мирчевска, која ја игра Лејди Магбет, истакна дека за време на пробите „пораснале и како актери и како луѓе“.

Меѓународни гости и богата програма

Уметнички раководител на фестивалот е Благој Мицевски, кој потенцира дека Битолскиот театар е познат по интернационални соработки и дека ова издание носи нови можности за промоција во странство. Меѓу гостите се: Филип Пар, претседател на Европската асоцијација на Шекспир фестивали, Џон Блондејл, уметнички директор на фестивалот во Верона, Влад Драголеску од фестивалот во Крајова.

Програма на фестивалот (14–21 ноември)

15.11 – „Дванаесеттата ноќ“ – Драмски театар „Александар Венгерко“, Полска

17.11 – „Крал Лир“ – „Lit Moon Theatre“, САД

18.11 – „Еволуцијата на распадот“ – АРТЕМА, Скопје

19.11 – „Само ти(и)ја / Only You (and I)“ – Тим Театрос К, Скопје

19.11 – „Ричард III“ – Народен театар Битола

20.11 – „Јас Писблосом“ / „I, Peaseblossom“ – Хрватска/Англија

21.11 – „Како што милувате / As You Like It“ – ДТ „Стојан Бачваров“, Варна

Битолскиот театар ги поканува граѓаните да прослават 81 година театарска магија.

Тагови
реклама

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Велика Британија забранува три вида порнографија

Read more

Дали Volkswagen ќе згасне еден од своите најпознати брендови?

Read more

Српски тенисер суспендиран на 24 години: Казната е 14 пати поголема од она што го заработил

Read more

Култура

Таксират #28: Нов дом, 2 бини, 11 имиња од 7 држави!

Read more

Ен Карсон ја доби Нобеловата награда за литература за 2026 година

Read more

Две македонски книги влегоа во финалниот регионален книжевен избор „Штефица Цвек #5“ 

Read more

Почнува „Поетски слем Македонија“ - на програмата промоции, изложби, поетско-музички перформанси

Read more

Вести

Наредбата што ги парализираше украинските дронови дошла од Белата куќа

Читај повеќе

Велика Британија забранува три вида порнографија

Читај повеќе

Најмалку 19 повредени во судир меѓу воз и автобус во Франција

Читај повеќе

Украина остана без проектили за американскиот систем за противвоздушна одбрана Patriot

Читај повеќе

Kyiv Independent: Да ги кажеме работите со вистинското име, Трамп ѝ помага на Русија да победи

Читај повеќе

Решение за најнеобичната граница во светот: Азербејџан и Ерменија би можеле да разменат територии

Читај повеќе

Левица: Македонија треба да преговара со институциите на ЕУ, а не да прифаќа билатерални уцени

Читај повеќе

Може ли Софија да го блокира македонскиот јазик во ЕУ? Милошоски предупредува, според СДСМ нема ризик

Читај повеќе

Утре дожд и засилен северен ветер, на планините се очекува и снег

Читај повеќе