Прогласувањето на регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ годинава во Скопје

Во рамки на есенската програма на КРИК – фестивал за критичка култура, прогласувањето на годинашниот регионален книжевен избор „Штефица Цвек“ ќе се одржи на 3 октомври 2026, со почеток во 19:30 часот, во КСП „Центар-Јадро“. По прогласувањето, прославата продолжува во Љубов бар, со Dj Disco Ninja, од 21:30 часот.

На прогласувањето, кое годинава за првпат се одржува во Скопје, ќе бидат претставени седумте избрани дела и автор/ки и ќе се зборува за годинашниот избор, процесот на селекција и потенцијалноста на книжевноста да отвора други начини на живеење, сакање, поврзување и замислување.

По петти пат, „Штефица Цвек“ исцртува субверзивна, и различна од останатите, мапа на современата книжевност во регионот. Регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ им оддава признание на феминистички, квир и поинаку политички ангажирани дела објавени на БХСЦ и на македонски јазик. Именуван по ликот од романот „Штефица Цвек во челустите на животот“ на Дубравка Угрешиќ, изборот го пренасочува вниманието од култот на авторот кон самиот текст, истовремено задржувајќи ироничен однос кон самата идеја за книжевна награда. Наместо да поттикнува компетитивност, „Штефица Цвек“ избира повеќе книги со цел да отвори разговор за квалитетна, критичка книжевност и да го зајакне духот на заедништвото.

Годинава во конкуренција се најдоа осумдесет и два наслови, објавени во текот на 2025 година на македонски и на БХСЦ јазиците – романи, поезија, драма, книги за деца и млади, хибридни и мултимедијални дела и графички роман, зад кои стојат различни генерации и книжевни средини.

Првото жири, составено од Ања Томљеновиќ, Хана Вранац, Емилија Љутиќ, Катица Максан, Дафина Веселиноска и Александра Петровиќ, издвои триесет наслови во потесниот избор. Од нив, второто жири – Фросина Крушкаровска, Борисав Матиќ и Ивана Голијанин – ги избра седумте книги што ја сочинуваат годинашната „Штефица Цвек“, кои официјално ќе бидат соопштени на прогласувањето. 

И годинава „Штефица Цвек“ бара книжевност што не се плаши да ја спои политичката ангажираност и идеолошката смелост со свој, препознатлив книжевен израз. Книжевност што ги преиспитува нештата што ни се нудат како природни, нужни и непроменливи и која нè потсетува дека постојниот свет не е единствениот можен.

Книжевниот избор „Штефица Цвек“ е организиран од Коалиција МАРГИНИ (Македонија), Побунети читателки (Србија), Нараториум (Босна и Херцеговина) и Културтрегер/Букса (Хрватска), со поддршка од Kvinna till Kvinna Foundation, Heinrich Böll Foundation – Sarajevo и Rekonstrukcija Ženski Fond. Прогласувањето годинава се случува во рамки на есенската програма на Фестивалот за критичка култура – КРИК, куриран под тематот „Грижа: начини да се биде заедно“.

реклама

Како намалувањето на внесот на кофеин влијае на телото?

Read more

Која е разликата меѓу прашок, течен детергент или капсули за перење алишта?

Read more

Казнети возачите што вееја знамиња на улица и блокираа сообраќај во Скопје

Read more

Хегсет: Егзекуцијата со стрелање на поранешниот мајор ќе ја пренесуваме во живо

Read more

Култура

Ен Карсон ја доби Нобеловата награда за литература за 2026 година

Read more

Две македонски книги влегоа во финалниот регионален книжевен избор „Штефица Цвек #5“ 

Read more

Почнува „Поетски слем Македонија“ - на програмата промоции, изложби, поетско-музички перформанси

Read more

Познати петте финалисти за наградата Драги за 2026 година

Read more

Вести

Прикриеното етничко чистење на христијаните во Либан: Предупредување за Европа

Читај повеќе

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Читај повеќе

Од понеделник Безбеден град во Охрид

Читај повеќе

Потрошени над 340 милиони денари за прославата за 35 години независност, Митева го објави финансискиот извештај

Читај повеќе

Бугарија инсистира на гарантирање на правата на Бугарите; Петрова категорична, нема повторно преговарање за обврските на Македонија

Читај повеќе

Холанѓанец на боледување истрчал маратон и добил отказ, судот пресудил во негова корист

Читај повеќе

Ѓорѓиевски: Пристигнаа 3.300 нови контејнери за Скопје, најголема набавка во историјата

Читај повеќе

В недела дел од мостот Близнак ќе биде затворен поради поправка на оградата

Читај повеќе

Градоначалникот Кличко: Денес станува збор за опстанок – оние што можат, треба да го напуштат Киев

Читај повеќе