Разговор со Румена Бужаровска вечерва во библиотеката „Браќа Миладиновци“

Во рамки на кампањата „Читаме современи македонски автори“, вечерва (6 октомври) со почеток во 19 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе се одржи разговор со писателката Румена Бужаровска.

Повод за настанот е изборот на нејзиниот роман „Тони“ за книга на месецот во селекцијата на библиотеката. Разговорот со авторката ќе го модерира новинарката и книжевна критичарка Александра Јуруковска, а извадоци од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

Романот „Тони“, во издание на Издавачки центар ТРИ, е најновото дело на една од најчитаните и најпреведувани современи македонски авторки. Преку ликот на средовечниот бивш рокер Тони од Скопје – кој живее со својата мајка и работи во државна институција – Бужаровска создава портрет на човек што во текот на пандемијата ненамерно предизвикува настани кои засекогаш ќе го сменат неговиот и животот на луѓето околу него. Напишан со нејзиниот препознатлив, остар и духовит стил, романот ги отвора темите на машкоста, урбаното секојдневие и традицијата во македонското општество, комбинирајќи брутална комика и длабока трагика.

Румена Бужаровска (родена во 1981 година во Скопје) е писателка, преведувачка и доцент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што предава американска литература и преведување. Таа е авторка на неколку збирки раскази, меѓу кои и „Мојот маж“, што е преведена на повеќе од 10 јазици и предизвика голем интерес на регионалната и европската книжевна сцена. Со „Тони“, Бужаровска се свртува кон нова форма, задржувајќи ја иронијата и социјалната острина што ја обележуваат нејзината проза.

Настанот е дел од четвртата сезона на долгогодишната кампања на библиотеката #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори, која има за цел да ги афирмира домашните писатели и да поттикне континуирано читање македонска книжевност.

реклама

Култура

Нови пронајдоци на локалитетот Расница: Откриено богато војничко погребување од VI век

Read more

Бела ноќ во Скопје: Бесплатен превоз, продолжено работно време на угостителите и бесплатен влез во Зоолошката

Read more

Македонската книжевност повторно во Франкфурт: повеќе автори, повеќе книги и нови можности за преводи

Read more

Што ќе гледаме утре на „Бела ноќ“ во Скопје?

Read more

Вести

Двајца загинаа откако брод потона во Црното Море, Зеленски тврди дека бил погоден од руски дронови

Читај повеќе

Учениците во ЕУ сè послаби во математика, читање и природни науки

Читај повеќе

Нема веќе вештачка интелигенција: Трамп го забрани терминот AI и формираше Сили за суперинтелигенција

Читај повеќе
  • filter

Поранешниот симбол на Триглав е пред исчезнување: Последниот глечер во Словенија речиси исчезна

Читај повеќе

Гаши формираше Совет на поранешни претседатели на Собранието

Читај повеќе

Нови пронајдоци на локалитетот Расница: Откриено богато војничко погребување од VI век

Читај повеќе

Оперативна акција Чистач: 5.628 уапсени и 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговијата со дрога и прекуграничниот криминал

Читај повеќе

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Читај повеќе

BALFIN Group – над 52 милиони евра платени даноци во првите 6 месеци од 2026 година

Читај повеќе