Румена Бужаровска: „Тони“ за неколку месеци го доживува третото издание

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 30.04.2025 / 12:08
Фото: Надица Манева Ангеловски

Румена Бужаровска, една од најпознатите македонски писателки, се заблагодари на читателската публика за огромниот успех што го доживува со последната книга, нејзиниот прв роман, „Тони“

„’Тони’ за неколку месеци го доживува третото издание, за што сум им многу благодарна на сите читатели. Наскоро романот ќе биде достапен на српски (Бука), хрватски (Фрактура), а посебно сум среќна што ќе биде објавен и од Галимар (Франција)“, напиша Бужаровска на социјалните мрежи и порача: „Се гледаме на саем!“

Непосредно пред 37. издание на Саемот на книга, првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“, доби свое трето издание откако за само четири месеци беа распродадени 2.000 примероци.

А освен на македонски, „Тони“ наскоро ќе се чита на седум други европски јазици. И додека „Тони“ ја освојува Европа, нови успеси нижат и „Осмица“, „Мојот маж“ и „Господ, па Америка“, што дополнително го потврдува фактот дека Бужаровска е една од најпопуларните македонски писателки, велат од издавачката куќа „ТРИ“ чиј автор е Бужаровска.

Домашните читатели ќе имаат можност да се сретнат со Бужаровска и да добијат потпис на својот примерок на 9 мај (петок), на штандот на ТРИ на Саемот.

реклама

Русија гради нуклеарен контејнерски брод за арктичкиот коридор

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Додека другите војуваат, Кина воведува закон за „етничко единство“

Read more

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Read more

Култура

Почина актерот Кирил Поп Христов-Кили

Read more

Иван Шопов со Зентрифуга е македонски кандидат за Европската награда за литература за 2026 година

Read more

Вечер посветена на Тоше во Битола: Засекогаш во срцата по осми пат

Read more

Блокадафест пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Read more
 

Вести

Санчес не му крева на Мерц: Биравте погрешен број

Читај повеќе

Русија гради нуклеарен контејнерски брод за арктичкиот коридор

Читај повеќе

Насилство меѓу малолетници-чираци во берберница во Арачиново

Читај повеќе

Извлечено тело на жена од Вардар во Скопје

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Читај повеќе

Португалски полицајци осомничени за мачење и силување, деветмина во притвор

Читај повеќе

166 милиони денари повеќе во буџетот на Скопје: Кружен тек кај Народна банка, две катни гаражи во Клинички

Читај повеќе
  • play_arrow

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Читај повеќе