СДСМ предлага воведување на државни награди „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата го поднесе законот за изменување и дополнување на Законот за државни награди, со којшто предвидуваме воведување на две нови државни награди, информира на прес-конференција Бисера Костадиновска-Стојчевска, пратеничка на СДСМ.

Овој закон, како што рече, предвидува воведување на Државна награда „Блаже Конески“ и Државна награда „Ремзи Несими“.

„Советот за македонски јазик, со иницијатива доставена до Владата во 2019 година, предложи да се воспостави нова државна награда за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на македонскиот јазик во земјата и во странство, за која се предлага да го носи името „Блаже Конески“, кој е основач на современата македонска наука за јазикот, лингвист, литературен и културен историчар, поет, прозаист и преведувач“.

Според неа, значењето на „Блаже Конески“ е непроценливо и сестрано.

„Тој е прв претседател на Друштвото на писатели на Република Македонија, претседател на Друштвото на писатели на Југославија, член на првата генерација академици и прв претседател на МАНУ во два мандата, колку да напоменеме некои од неговите достигнувања.

Исто така, со иницијатива на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, се предлага да се воспостави нова државна награда за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на албанскиот јазик и албанологијата во земјава, за која се предлага да го носи името „Ремзи Несими“, кој е лингвист, просветен работник и учесник на Конгресот за правопис на албанскиот јазик во 1972 година.

Ремзи Несими е истакнат лингвист, просветител и универзитетски професор со богата научна и образовна кариера и со врвни заслуги за албанологијата во Северна Македонија, но и за едукација на голем број филозофи во земјава.

Тој е единствен делегат од Македонија кој на Конгресот за правопис на албанскиот јазик, одржан во периодот од 20 до 25 ноември 1972 година, учествувал со научна тема и е потписник на Резолуцијата за албанскиот правопис“.

Како што кажа пратеничката од СДСМ, почитуван од сите албанолози во земјава и во светот, сè до неговата смрт тој бил референца за секое прашање поврзано со албанскиот стандарден јазик.
 

реклама

Спа центар на извори стари 80.000 години, ноќевање само 400 денари

Read more

Голем финансиски хороскоп за ЈУЛИ 2026 година

Read more

Клубот му забрани на Белгиецот Дебаст денеска да игра против Шпанија

Read more

Венера влезе во Девица на 9 јули: Што значи тоа за вашиот хороскопски знак?

Read more

Култура

Почнува меѓународниот фолклорен фестивал Гази Баба 2026

Read more

Бесплатни проекции на македонски филмови на големото платно

Read more

Изложба на мозаици на академскиот сликар и мозаичар Ѓорѓи Томовски во Охрид

Read more

Почина режисерот Сашо Миленковски

Read more

Вести

Европа е во големи проблеми: Нов притисок врз горивата

Читај повеќе

Идниот британски премиер повика на поголем притисок врз Израел

Читај повеќе

Русија го осудува самитот на НАТО: Нивните одлуки би можело да имаат катастрофални последици

Читај повеќе

Вештачењето откри колку напаѓачи пукале во Нешовиќ и од која далечина

Читај повеќе
  • play_arrow

Референдум за излез од НАТО предлага претседателот на словенечкиот парламент  

Читај повеќе

Има план за атентат на Доналд Трамп, тврдат Израелците 

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Падна далновод во Шпанија, избувна пожар, има најмалку 12 мртви

Читај повеќе
  • play_arrow

Црногорскиот претседател: Европскиот пат не е откажување од нашиот идентитет

Читај повеќе

Израел: Подготвени сме да го нападнеме Иран по трет пат ако е потребно

Читај повеќе