Симон Трпчески со два ексклузивни концерти во Охрид и Битола ова лето

Македонската публика ќе има можност да присуствува на две исклучителни вечери со еден од најценетите уметници од нашата сцена, Симон Трпчески.

Пијанист со богата меѓународна кариера, настапи на најпрестижните концертни сцени и соработка со врвни светски оркестри, Трпчески е уметник чиј израз одамна ја надминува локалната рамка и е препознаен од публиката ширум светот.

Ова лето, тој ќе одржи два концерта на две од највпечатливите сцени во земјава: на 13 август во Античкиот театар во Охрид и на 14 август во Хераклеа во Битола.

Античкиот театар во Охрид, како еден од најзначајните културно-историски локалитети, ќе понуди амбиент во кој секоја нота добива нова димензија. Во овој простор, каде што историјата и уметноста се испреплетуваат, концертот на Трпчески ќе прерасне во доживување што ги надминува границите на класичниот настап.

Веднаш потоа, на 14 август, магијата продолжува во Хераклеа во Битола – сцена која со својата акустика и атмосфера создава уникатно музичко искуство под отворено небо. Двете вечери носат различен амбиент, но исто ниво на уметничка вредност и емоција.

Овие два концерта претставуваат ретка можност публиката во Македонија да доживее уметник од светски ранг во автентичен, отворен и исклучително инспиративен амбиент.

Билетите се достапни преку продажната мрежа на: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК Травел во Бисер и ЈК Травел во Дајмонд мол.

реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

Сликичката им треба, ама гага

Read more

9 совети како да го стопите салото на стомакот со пешачење

Read more

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Култура

Збирка од 31.000 примероци на монети ковани од злато, сребро и бронза изложени во Археолошкиот музеј

Read more

Промоција на монографијата Историја на Галичник од Дамјан Бужаровски

Read more

Распишан меѓународниот конкурс за необјавена песна на 9. издание на „Антево слово“ 2026

Read more

Хуманитарна изведба на Торонто експрес во МНТ: Театарот игра за СОС Детско село

Read more
 

Вести

Ангела Меркел и Марио Драги се можни преговарачи на ЕУ со Путин

Читај повеќе

Nestlé и Danone под истрага: Дали предоцна била повлечена контаминираната храна за бебиња?

Читај повеќе

Фон дер Лајен предупреди: ЕУ нема друг избор

Читај повеќе

Иран се заканува со ширење на војната надвор од Блискиот Исток ако САД повторно нападнат

Читај повеќе

СДСМ: Мицкоски не го сака Груевски назад за да не му ја преземе партијата

Читај повеќе

Пријава за малтретирање против скопски полицајци од интервентна

Читај повеќе

Нападнат средношколец во Аеродром, подолго време го вознемирувале во училиште

Читај повеќе

Мицкоски: Градскиот воз ќе донесе брз и еколошки транспорт за скопјани

Читај повеќе

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Читај повеќе