Со доделување на наградите заврши IV издание на фестивалот Преку езерото

Синоќа со прогласување на добитниците на наградите, заврши IV издание на фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“, што се одржуваше во Дојран.

Беа прогласени победниците и беше доделена големата награда за најдобар филм на медитеранот, најдобариот режисер на медитеранот, најдобра актерка и најдобар актер на медитеранот, најдобар композитор на оригинална филмска музика на медитеранот, и наградата за најдобар кусометражен филм на медитеранот, за кои одлучуваше жирито во состав: Христос Пасалис, Теодосија Добријанова, и Игор Анѓелков.

Беше доделена уште една награда, за најдобра медитеранска приказна, која ја доделува Студентското жири на фестивалот, кое избира и наградува сосема спротивно и сосема поинаку од големото фестивалско жири! Затоа што младоста има свои приказни!

„Во изминатите неколку денови гледавме неколку прекрасни, возбудливи, итни филмови, многу различни еден од друг, од различни држави, секој со своја естетика и предмет на интересирање. Погледнавме филмови кои ги отсликуваат некои од најитните прашања со кои денес се соочуваат Балканот и Медитеранот. Го видовме регионот како рута, но и како последна станица. Како дом и како ладен, индиферентен домаќин. Филмовите заедно создаваат палета од човечки искуства кои нам сега ни изгледаат барем малку поблиску. Гледајќи ги овие филмови заедно со вас беше привилегија, а да се биде дел од жирито – тоа беше задоволство, но и одговорност која не ја издржавме лесно. Вечерва, на затворањето на фестивалот, имаме чест да ви ги претставиме и победниците“, рече Христос Пасалис, претседател на жирито.

Главната награда за најдобар медитерански филм на фестивалот „Преку езерото“ ја доби филмот „Мали проблематични девојки“ и Уршка Ѓукиќ, за автентичното прикажување на моминското детство и тинејџерската сексуалност. Станува збор за длабоко и лежерно, сензуално деби кое отворено зборува за копнежот по оваа речиси неистражена територија помеѓу детството и животот на возрасните.

Наградата за најдобар краток филм ја добија два филм а- „Момчето со бела кожа“ од Симон Панау и „Бланш“ од Јоана Ракотариса.

Наградата за најдобра музика ја доби „Било каде било кога“ од Милад Тангшир, за филм кој ја користи музиката не како позадина или атмосфера, туку како лик во наративот.

Наградата за најдобра актерка оди кај Фереште Хосеини за нејзиното фасцинантно толкување на модерната Антигона.

Наградата за најдобар актер му припадна на актерот Акилас Каразисис за улогата на Такис во филмот „Месо“, кој, со прецизност, внатрешна длабочина и избегнување на клишеа, оживува лик полн со противречности – преговарајќи за нашите очекувања за тоа што прави еден херој или негативец – балансирајќи со финеса помеѓу внатрешните и надворешните сили што го притискаат.

Наградата за најдобар режисер ја добива Уршка Ѓукиќ за филмот „Мали палави девојки“, за креативниот процес на откривање на самиот живот, храбриот пристап кон разбирањето на сложеноста на младоста преку автентично раскажување кое ги комбинира желбата, сексуалноста и верата на динамичен и оригинален начин, режисерот успева да каже многу со малку: нежни гестови, суптилни погледи кои изгледаат ситни, но значат сè, фина рамнотежа помеѓу хуморот и копнежот, разочарувањето и надежта.

Специјално споменување за филмот „Било каде било кога“ од Милад Тангшир, кој со документарна вистина, детали и вистинска топлина го прикажува секојдневниот живот на еден имигрант во денешна Европа. Филм снимен на локација, на улиците на Торино, прикажувајќи го градот како ветена земја која, без разлика колку блиску се чини дека протагонистите се до нејзиниот центар, секогаш наоѓа начини да ги оттурне.

Студентското жири ја донесе одлуката наградата „Најдобрата медитеранска приказна“ да му ја додели на филмот „Било каде било кога“ на Милад Тангшир, бидејќи овој филм покажува како безвременските теми можат моќно да се преосмислат во убедлива приказна што зборува за денешната општествена реалност подигајќи ја свеста за борбите на имигрантите и нуди свежа перспектива која ги руши стереотипите.

По доделувањето на наградите менторите на работилницата за развој на дипломски и дебитантски краток филм, Александар Русјаков и Дејан Милошевски, и директорот на фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм, проф. д-р Јани Бојаџи, ги соопштија овогодинешните добитници на грантови за развој и продукција на дипломски и дебитантски краток филм, по што следуваше проекција на филмот „Постојам“, Јоргос Цимберопулос (Грција).

реклама

Едно масло и за кожа, и за коса: Подмладува, брише лузни, ја обновува сувата коса

Read more

Кои хороскопски знаци ќе „процветаат“ по 21 април?

Read more

Како Уран во Близнаци oд 20 до 26 април влијае на секој хороскопски знак? 

Read more

Прва реакција на Кремљ за победата на проруската партија во Бугарија

Read more

Култура

Симон Трпчески со два ексклузивни концерти во Охрид и Битола ова лето

Read more

Изложба Етнографија во делата од колекцијата на Националната галерија во Чифте амам

Read more

Левица со поддршка за протестот на културните работници

Read more

Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста

Read more
 

Вести

Утре променливо облачно со врнежи од дожд, наместа во форма на невреме

Читај повеќе

Утре ќе нема струја во делови од Дебар Маало

Читај повеќе

СДСМ тврди: Груевски има унгарски и српски пасош

Читај повеќе

Мотоциклист нападнал малолетник откако му го погодил моторот со балон со вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Раскопан гроб со статус на културно наследство во Старо Нагоричане

Читај повеќе

Филозофскиот факултет незаконски запишувал студенти на магистерски и докторски студии, потврди Јаневска

Читај повеќе
  • play_arrow

Ограничени маржите на ѓубривата: Владата со мерки за стабилизација на цените

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Саксии канабис откриени во стан во Аеродром, уапсено едно лице

Читај повеќе

Пресврт за Јапонија: Првпат по 80 години ќе врши извоз на оружје

Читај повеќе