Со кренати главици кромид в раце отворено 16-тото издание на Македокс

Високо кренати главици кромид во рацете на екипата и волонтерите е традиционалниот поздрав до публиката на отворањето на фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс. Годинава фестивалот беше отворен на 21 август во Куршумли-ан.

На отворањето на 16-тото издание на МакеДокс во името на екипата се обратија Сара Ферро и Дарко Набаков, кои прво упатија благодарност до публиката што беше присутна во Куршумли-ан на отворањето на МакеДокс под мотото: „Кому му е гајле за реалноста?“

„Во овие осум дена, на пет различни локации, ќе можеме заедно да погледнеме повеќе од 75 филмови, да учествуваме во бројни дискусии со авторите по проекциите, да бидеме дел од два мастер класа, две изложби, пет дискусии под смоквата, три денови со документарнaта индустрија и, секако, да слушнеме многу ноќни приказни“, истакна Сара Ферро.

„Живееме во време во кое вистината се менува побрзо отколку што можеме да ја сфатиме. Во време кога границата помеѓу фактите  и фикцијата станува сè потенка. Затоа потребата да гледаме на работите внимателно, креативно, критички и со грижа никогаш не била поголема“, додаде Дарко Набаков.

Двајцата изразија особена благодарност до две иницијативи што одлучија да берат гајле за сите нас, а не само за себе. Најпрвин, SupportKochani, за сè што направија за повредените од трагедијата во Кочани, и потсетија дека сметките за донација остануваат отворени. Втората благодарност ја упатија на луѓето од „Спас за Дошница“, кои неуморно се грижат за сите нас, за да живееме во здраво и природно опкружување.

На програмата на првата вечер беа краткиот документарен филм „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот документарен филм „Само на земјата“ на Робин Петре. Во музичкиот сегмент „Ноќни приказни“, акустичен концерт одржа гитаристот Мухамед Ибрахими, додека полноќната музичка програма продолжи со диџеј-сет на Шурбе.

Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс се одржува од 21 до 28 август со програма распоредена во Куршумли-ан, Музеј на Македонија, Сули-ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје. Мото на 16-тиот МакеДокс е „Кому му е гајле за реалноста?“. На фестивалот ќе бидат прикажани 75 документарни филмски остварувања, а се очекува присуство на околу 100 гости од странство.

Целосната програма може да се пронајде на официјалната веб-страница на МакеДокс (www.makedox.mk), а може да се симне и фестивалската апликација.

Партнери на МакеДокс се ППФП, МКЦ - Младински културен центар, Кинотека на Република Северна Македонија и фестивалската мрежа Doc Around Europe.

Шеснаесеттото издание на МакеДокс е поддржано од Агенција за филм на Република Северна Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Институтот „Јунус Емре“ - Скопје, Амбасада на Франција, Француски институт, Амбасада на Кралството Холандија, Австриска Амбасада, Казино Австрија, Грчки филмски центар, Гете институт, Скопско смут, Амбасада на Република Чешка, Чешкиот културен центар во Софија, Младинскиот културен центар, Музеј на Македонија, Археолошки музеј, Факултет за ликовни уметности, такси „Глобал“.

Медиумски покровители на 16-тиот МакеДокс се МТВ - Прв програмски сервис, Слободен печат, Нова Македонија, Еспресо.мк, МКД.мк, УМНО.мк, СДК.мк (Сакам да кажам.мк), Плус Инфо, Окно, Офф.нет, Е-магазин, Лице в лице, Радио МОФ, Радио Џез ФМ, Радио Канал 103, Радио Антена 5, Радио Бубамара, Лајф Радио, Поп-ап, Види Вака, Гледај.мк, Кајгана Медиа, Култура Бета, Трн, Блен.мк и Медуза.

Тагови
реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Научниците открија дека всушност постои нешто побрзо од светлината

Read more

Утре променливо облачно со сончеви периоди, во наредните денови со услови за слаб дожд

Read more

Поточарка: Поздрава од брокула и спанаќ, а ретко кој ја јаде

Read more

Култура

Дејан Дуковски: Драмата е жанр на криза и конфликт, а Балканот секогаш е такво место

Read more

Објавена програмата за 6. Скопски поетски фестивал

Read more

Деветтото издание на Jazz Factory Festival од 15 до 19 април во Битола, Скопје, Демир Хисар и Охрид

Read more

Промоција на нова поштенска марка – 50 години Кинотека

Read more
 

Вести

Српската армија вежба со модернизирани тенкови М-84

Читај повеќе

Тепачка во Карпош, приведена 18-годишна девојка

Читај повеќе

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и не мора да интервенира во Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

„Шпиц“ во Ормутскиот Теснец: Бродовите набиени од двете страни, но само неколку поминуваат

Читај повеќе

Зеленски жали што Украина се откажала од нуклеарното оружје

Читај повеќе

Стефано Габана поднесе оставка од Dolce & Gabbana

Читај повеќе

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Читај повеќе
  • play_arrow

Меланија Трамп: Јас не сум жртва на Епстин. Епстин не ме запозна со Доналд 

Читај повеќе

Трамп го вади Џеј Ди Венс „од нафталин“: Го праќа на преговори во Пакистан

Читај повеќе