Српскиот писател Драган Великиќ е лауреат на „Прозарт 2026“

Гости на 14. издание на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ ќе бидат и албанската писателка Дијана Чули, бугарскиот писател и сценарист Николај Терзијски, словенечката романсиерка Габриела Бабник Уатара, ирско-британскиот автор и продуцент Мајк Дауни, српската писателка Христина Радовиќ Андриќ и психологот и авторка на детска литература Зиновија Василејади од Грција, како и нашиот автор Блаже Миневски.

Наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 14. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, годинава му припадна на српскиот писател Драган Великиќ, еден од најзначајните, најпреведуваните и најпрепознатливите современи српски писатели. Наградата ќе му биде врачена лично, на свеченото затворање на фестивалот, во Музеј на град Скопје, на 15 септември.

- Наградата „Прозарт" ми е посебно драга бидејќи доаѓа од просторот на мојата поранешна татковина, од читателите кои најдобро ме разбираат. Значењето на секоја награда го прават нејзините лауреати, а со „Прозарт", во текот на своето 14-годишно постоење, се наградени писатели кои создадоа автентични книжевни светови. Убаво е да се биде во тоа друштво. Посебно ми е важно што оваа награда доаѓа по објавувањето на мојот „Виенски роман", бидејќи тој допира теми многу актуелни во регионот, пред сè, недовербата кон другото и поинаквото. А литературата е тука за да нè поврзува со новите и поинакви погледи на светот" - вели Великиќ по повод добивањето на наградата.

Одборот за доделување на наградата „Прозарт“, во состав проф. д-р Ермис Лафазановски (претседател), проф. д-р Александар Прокопиев (член) и Дејан Трајкоски (член), во своето образложение истакнува дека „во разновидното книжевно писмо на Великиќ постојани се неговата стилска префинетост, негувана уште од студентските денови како компаративец на Белградскиот универзитет, неговата приврзаност кон интимните состојби на јунаците (во кои има и автобиографски елементи), како и неговата изострена заинтересираност за актуелните промени во политичкиот, социјалниот и културниот живот во регионот. Со својот заокружен и исцизелиран прозен израз, Драган Великиќ сосема природно се приклучува кон низата големи балкански автори, добитници на наградата ‚Прозарт‘“.

Великиќ има импресивен опус од прозни дела - дванаесет романи, три збирки раскази и повеќе книги есеи, интервјуа и дела од други жанрови. Неговиот прв објавен роман, „Виа Пула“, го издвои како едно од најперспективните и најособените имиња во тогашниот нов постмодерен српски прозен бран.  Неговите следни романи, „Астраган“ и „Дантеовиот плоштад“, го сместија меѓу водечките имиња на тогашната југословенска книжевна сцена. 

Великиќ дури два пати се закитува со најзначајната српска награда за проза, „НИН“, за романите „Руски прозорец“ (2007) и „Иследник“ (2015), кој беше едно од најпродаваните прозни дела во Србија воопшто. Во 2013 година, ја добил Наградата на градот Будимпешта за литература, а во 2019 година и Меѓународната книжевна награда „Виленица“. Тој е член на Унгарската академија за уметност и книжевност „Сечени“.

Освен Великиќ, гости на 14. издание на фестивалот ќе бидат албанската писателка Дијана Чули, бугарскиот писател и сценарист Николај Терзијски, словенечката романсиерка Габриела Бабник Уатара, ирско-британскиот филмски автор и продуцент Мајк Дауни, српската писателка Христина Радовиќ Андриќ и психологот и авторка на детска литература Зиновија Василејади од Грција, како и домашниот претставник - писателот Блаже Миневски. 

Во рамките на ПРО-ЗА Балкан, годинава се одржува 13. програма „Скопје фелоушип“ и повеќе настани во рамките на дополнителната програма на фестивалот. 

Организатор на интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Делегација на Европската Унија и Europe House, Амбасада на Грција, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасада на Словенија, Кинотека, Музеј на град Скопје и Умно.мк. 

реклама

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Read more

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

ФИФА доживотно суспендираше двајца поранешни претседатели на федерации

Read more

Култура

Светот на Хомер: Археологијата го оживува светот на Илијада и Одисеја

Read more

Македонскиот писател Давор Стојановски награден во Австрија

Read more

Боите на слободата во Музеј на Македонија

Read more

Страст, љубов и трагичен расплет – Кавалерија рустикана на сцената на Националната опера и балет на 11 септември

Read more

Вести

Без дозвола, пијани и со туѓа регистрација: 13 возачи приведени низ Македонија

Читај повеќе

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Читај повеќе

Владата денеска ќе го намалува ДДВ-то за горивата

Читај повеќе

Нов напад во Ормус: Загрозено глобалното снабдување со нафта, Брент над 100 долари

Читај повеќе

Светот на Хомер: Археологијата го оживува светот на Илијада и Одисеја

Читај повеќе

Летото попушта: Сончево, посвежо и до 30 степени, силен ветер во Повардарието

Читај повеќе

Зеленски подготвен за средба со Путин: Мора да се сретнеме и да разговараме

Читај повеќе

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Читај повеќе

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Читај повеќе