Студенти „светнаа“ две слики на мајсторот Мартиновски

Во рамките на работилницата по конзервација и реставрација „Методи на чистење на уметнички дела на водена база (примена на водени пуфери и растворувачи на водена база) “, финансирана од ИКСССА 2025 на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“во Скопје, студентите кои го имаат одбрано предметот Заштита и реставрација на Катедрата за сликарство и трансмедиумски практики на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, под менторство на доц. м-р Марија Сотировска Богдановска и насловен доц. м-р Маријета Сидовски, работеа на стручна анализа, дијагностика и конзерваторско-реставраторски третмани врз две дела од Никола Мартиноски (сликата од циклусот „Девојчиња“ (масло на лесонит, 52 × 70 см, со рамка 60 × 80 см) и „Мртва природа - риби“ (масло на платно, 64,4 × 47 см, со рамка 81,4 × 64 см)), кои се во сопственост на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Сликата „Девојчиња“ беше затекната со стара интервенција и локални оштетувања, залепен акрилен лак за стаклото, подглобочувања и пожолтен заштитен слој. По тестирањата, делото беше селективно исчистено со pH 7 + Tween и органски растворувач, боениот слој стабилизиран со BEVA 371, загубите на боениот слој пополнети со конзерваторски кит, а ретушот изведен миметички. Рамката беше исчистена, дезинфицирана и визуелно интегрирана со акварел и корективна позлата.

Сликата „Мртва природа - риби“ имаше наслаги од прашина и чад, вдлабнатини на платното и ситни оштетувања. Чистењето беше изведено со pH 7 TAC, без отстранување на оригиналниот стар лак. Задната страна беше стабилизирана со BEVA 371 филм и холитекс, а рамката беше исчистена, дезинфицирана и визуелно усогласена.

Работилницата претставува значаен придонес кон развивањето на професионалните компетенции на студентите, како идни конзерватори и реставратори, обезбедувајќи им практично искуство во реални услови, со автентични уметнички дела и со примена на современи методологии. Воедно, активностите ја нагласуваат потребата од создавање подобри услови и континуирана поддршка за систематска грижа, истражување и долгорочно зачувување на уметничките дела како дел од нашето културно наследство.

реклама

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Read more

Топ 15 најнеобични покриви и градби

Read more

Колку секс партнери се „премногу“? Научниците имаат точна бројка

Read more

Пратеничка ја удри струја во хрватскиот парламент

Read more

Култура

Македонскиот народен театар со разнолик репертоар: Од сценски спектакл, преку драми, до стендап

Read more

Објавена книгата Семантиката на македонскиот роман на преминот од ХХ во XXI век од Марина Димитриева-Ѓорѓиевска

Read more

Изложба Фудбалски дресови на успешни деца во светот од Тиквешијата и пошироко

Read more

Кинотека на Македонија – Половина век филмска меморија

Read more
 

Вести

Венецуелката Мачадо му ја додели Нобеловата награда за мир на Трамп

Читај повеќе

Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец

Читај повеќе

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

Читај повеќе
  • play_arrow

Пратеничка ја удри струја во хрватскиот парламент

Читај повеќе

Сведоштво од Иран: Војна е, нè убиваат затоа што немаат место во затворите

Читај повеќе

Нови израелски напади врз Газа: Убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Читај повеќе

Институт за медицина на трудот: Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести

Читај повеќе

Во Центар кај ЈБТ денеска ќе нема вода

Читај повеќе

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Читај повеќе