На 7 декември, 28. издание на фестивалот Таксират го носи своето големо финале во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. На двете бини ќе настапат Morcheeba (Обединето Кралство), Zoster (Босна и Херцеговина), Kadebostany (Швајцарија), Foltin, Smut, Z++ (Хрватска), Alizade (Азербејџан), Raxon (Египет), Sure Shotz, KEM и Conspiracy.
Оваа година Таксират за прв пат се сели во СЦ „Јане Сандански“. Фестивалот кој започна во МКЦ во 1999 година, 17 години живееше на Скопскиот саем, а потоа се пресели во арената „Борис Трајковски“.
Таксират продолжува, како и секогаш: позитивно, гласно и заедно со својата публика.
Фестивалот, како и секоја година, не е само една вечер. Својот уникатен стил и идентитет го задржува и оваа година. Програмата почнува на 26 ноември со тридневната ПИН музичка конференција, Лузер фест и потрагата по најдобриот нов млад бенд, како и соло-концерти на македонски артисти.
Низ сите овие настани, Таксиратскиот фестивалски дух и мисија за уметност во својата најчиста форма ќе биде присутен.
Две бини, слободно движење и билет по иста цена за стоење и седење
Верна на традицијата на Таксират, салата ќе има две бини. Главната сцена е Smooth stage, а втората Shorty P. Публиката ќе може слободно да кружи меѓу нив и да ја прави сопствената вечер, како што тоа го прави веќе со децении на Таксират.
Изведувачите на големото финале: Зошто секој од нив е посебна приказна
Легендите на трип-хопот доаѓаат специјално, како пријатели на Пасворд продукција, и за прв пат настапуваат на Таксират. Бендот ги одбележува 30-те години кариера, а во 2025 година го објави албумот „Escape the Chaos“.
Едно од моментално најголемите имиња на балканската сцена, бендот од Мостар, за прв пат настапува во Скопје. Зад себе имаат 5 студиски албуми, од „Ojužilo“ (2005) до „Najgori“ (2023), и химни како „Ko je jamio“, „Volio sam te“ и „Kuda idu svi ti ljudi“.
Летово ги предводеа најголемите регионални фестивали, а секоја нивна турнеја е синоним за полни сали.
Швајцарскиот проект има над 5 милијарди стримови ширум светот. „Castle in the Snow“ беше хит на топ-листите, нивната верзија на „Crazy in Love“ се слушна во Fifty Shades of Grey, а „Early Morning Dreams“ стана вирален на TikTok со над 3 милијарди стримови. Настапувале на финале на Лигата на шампионите, а во Скопје доаѓаат со новиот, петти албум „The Outsider“.
Ексклузивно: 30 години SMUT ќе го прослават со ексклузивен и единствен концерт во Македонија на Таксират! Гигантите на македонскиот хардкор не застануваат и се подготвени за уште еден настап со кој публиката ќе ја остават без здив.
Магичната година која Фолтин ја имаа во прославата на својата 30 годишна кариера се заокружува со настап на Таксират! Нивниот музички јазик најдобро го разбира нивната публика, а овој пат Фолтин доаѓаат со еден куп новости, меѓу кој и најновиот проект Foltin Re:Composed.
Осиечката ѕвезда Звонимир Хусњак, познат како Z++, се враќа на Таксират по неверојатниот скок во неговата кариера. Неговите песни „Ljeto već je gotovo“, „Sedmo nebo“, „Kabriolet“ не само што беа инстант хитови, туку од година во година се покажуваат како песни кои ќе останат евергрин на една генерација.
Уште еден јубилеј се слави на Таксират. Треш металците за 10 годишнината го заслужија своето место на Таксират со неуморна работа и неприкосновен звук. По победата на Лузер фест и дебито „Dehumanized“, следуваше одличниот втор албум „Заговор“, второ место на Wacken Metal Battle и победа на Зајечарската гитаријада.
Скопските хип-хоп иноватори ќе имаат ексклузивна промоција во Скопје на албумот што го објавија годинава – „vakamie“. Нивната креативност е ненадмината, а секој следен албум и настап носат нешто неочекувано. Препуштете се на нивната енергија и ќе го почувствувате ритамот на градот.
Од Египет ни доаѓа техно продуцентот кој својата кариера ја продолжува во Барселона. Издавал за најреномираните етикети: Cocoon, Drumcode, Diynamic и Kompakt. Вистинските фанови на жанрот знаат што овие етикети значат на светската техно сцена. Пред да се посвети на музиката работел како архитект во Дубаи, а во Европа се пресели на препорака на Ернан Катанео. Raxon ветува незаборавен крај на 28 издание на Таксират Фестивал!
Нема претставување за домаќините на Shorty P сцената на Таксират. Секогаш рамо до рамо со екипата на Таксират, уште еднаш заедно ќе пуштиме музика на најгласно во чест на нашиот Панчо.
Азербејџанската рап и поп ѕвезда го започна патот како пратечки вокал на Big Baby Tape, а славата ја стекна со хитовите „Anormal“ и „24/7“. Во 2026 година го објави синглот „Stop Smoking“, првиот од новиот албум „Rahat Music“, со спот снимен во Маракеш. Во Скопје ја гледавме на ПИН Конференција, а реакцијата на публиката ни покажа дека го заслужува местото на сцената на Таксират