Театарот Сенки и облаци гостуваше во Софија со претставата Свадби на животни и нешта

Театарот „Сенки и облаци“ со детската претстава „Свадби на животни и нешта“ во петок (25 април) гостуваше во Културно-информативниот центар на С. Македонија во Софија, Бугарија. Пред преполната сала во центарот на бугарската престолнина, театарскиот ансамбл ја одигра претставата создадена според истоимената книга на Раја и Георги Господинови.

Свои обраќања пред публиката имаа македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси-Поповска и бугарскиот писател Георги Господинов.

„Навистина ни е драго што се претставуваме пред софиската публика со претставата 'Свадби на животни и нешта' напишана од Раја и Георги Господинови кои оваа вечер нѐ почестија со нивото присуство. Оваа претстава во Македонија досега доживеа дваесетина изведби на нашата матична сцена, а имавме гостувања и во Србија и Словенија. Нашиот театар на сенки патувал од Кина до Бразил, а сега за прв пат ќе се претставиме и во Бугарија“, изјави Благородна Коцева-Симјанов од театарот „Сенки и облаци“ пред публиката во Софија.

Македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси-Поповска, на ансамблот на театарот „Сенки и облаци“ му додели благодарница за гостувањето, а по повод одбележувањето 20 години од воспоставувањето на македонскиот Културно-информативен центар во Софија и градењето на мостови на соработка во областа на културата.

Посебно внимание пред софиската публика предизвика и присуството на писателот Георги Господинов, кој заедно со неговата ќерка и коавторка Раја Господинова споделија информации за процесот на пишување на делото и за прв пат ја проследија претставата создадена според нивната заедничка книга.

Претставата „Свадби на животни и нешта“ беше премиерно изведена пред македонската публика во пролетта 2024 година. Улогите ги толкуваат Катерина Стефановска, Александра Стојановска, Дарко Богески, Благородна Коцева-Симјанов, која воедно е и дизајнер на куклите, а Круме Стефановски ја изведува и музиката во претставата. Дизајнот на постерот за претставата е на Ивона Ѓорѓиовска.

Гостувањето на театарот „Сенки и облаци“ во македонскиот Културно-информативен центар во Софија беше поддржано од Министерството за култура и туризам.

Театарот „Сенки и облаци“ од Скопје пионерски работи на промоција на театарот на сенки како уметничка форма повеќе од 15 години наназад. Како дел од македонската независна културна сцена, изведувајќи ги претставите на матичната сцена во Дебар Маало, неговата работа е фокусирана на употреба на театарот на сенки како неконвенционална креативна и едукативна алатка за општествени теми.

Следната изведба на претставата „Свадби на животни и нештa“ e на 8 мај (четврток), со почеток во 19:00 часот, во театар „Сенки и облаци“.

реклама

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Read more

Култура

Концерт на пијано дуото Променада во Камерната сала на Филхармонијата

Read more

Скопскиот брутализам нè претставува на Венециското биенале за архитектура

Read more

Отворен повикот за наградата ДЕНЕС 2025

Read more

Промовирана Археолошка Брајова азбука – прва литература од ваков тип во Македонија и регионот

Read more
 

Вести

САД и Кина постигнаа договор

Читај повеќе
  • filter

Дали Трамп ќе го „оживее“ злогласниот затвор Алкатраз?

Читај повеќе

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Читај повеќе

Индија и Пакистан најавија директни преговори, се почитува прекинот на огнот

Читај повеќе

Независниот синдикат на полицијата денеска на протест

Читај повеќе

Променливо време, попладне нестабилно со пороен дожд

Читај повеќе

Скок на цените на нафтата

Читај повеќе

Делови од Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Читај повеќе

Како Владимир Путин повторно го надмудри Трамп?

Читај повеќе