Традиционален концерт на Филхармонија по повод Денот на вљубените и виното

Македонска филхармонија в четврток со почеток во 20 часот ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените и виното, насловен „Бакнеж во Париз“ на кој ќе биде изведена француска музика. Како солисти ќе настапат Фелисјан Брут, хармоника и Ексел Сан Сирел, мецосопран од Франција, а диригент е Тимоти Редмонд.

„Кога зборуваме за љубовта и романтичната страна на животот, често пред очи ни излегува Париз. Не случајно – Градот на светлината е и град на љубовта. Тој е вечна инспирација за уметниците, место каде што се раѓаат безброј книжевни, филмски и музички љубовни приказни. Неговата препознатлива архитектонска убавина и дух создаваат мелодии исполнети со меланхолија, страст, нежност и романтична копнежливост. Тие уметнички дела се огледало на среќни љубови, но и на оние напуштени, тивки и болни. Зашто љубовта е таква – возвишена и силна, понекогаш нежна, понекогаш болна, но секогаш длабока и искрена. Денот на вљубените не е само уште еден датум во календарот.

Тој е потсетник дека љубовта, во сите нејзини облици, му дава смисла на животот и на светот. Ова е и денот на виното – пијалакот на боговите и еликсир на животот. Виното и љубовта одат рака под рака, поврзани преку бојата, мирисот, топлината и чувството што го будат. Уживајте во звуците на љубовта, фантазијата и копнежот, во музиката на бакнежите и прегратките, придружени со вино со боја на срце. Дозволете си барем за миг да се префрлите во најубавите љубовни филмски сцени и да понесете со себе незаборавни впечатоци“, велат од Филхармонија.

Програма:

Ж. Бизе: „Кармен“ – Свита бр. 1: Прелудиум – Арагонеза (инстр.)

Ж. Бизе: „Хабанера“ од операта „Кармен“ (сопран)

Ж. Бизе: „Кармен“ – Свита бр. 2: „Боемски танц“ (инстр.)

Ф. Ваксман: „Островот на времето“ – Концерт за хармоника и симфониски оркестар

– Нека се отворат небесните порти!
– Нека се појави Изида, господарката на Филе!

– Нека се разбуди Сотис на својот хоризонт!

М. Легранд: „Ветерниците на твојот ум“
(од филмот „Аферата Томас Краун“) (арр. Џ. Емин) (инстр.)

Р. Портман: „Вијан ја отвора својата продавница“ (од филмот „Чоколадо“) (инстр.)

В. Ското: „Имам две љубови“ (сопран и хармоника)

Р. Портман: „Текот на времето“ (од филмот „Чоколадо“) (инстр.)

Ј. Тирсен: „Валцот на Амели“
(од филмот „Чудесната судбина на Амели Пулен“)
(арр. Џ. Емин) (инстр.,хармоника)

Ж. ван Парис: „Плач на ридот“ (сопран, хармоника)

А. Жиро: „Под небото на Париз“ (сопран, хармоника)

Р. Галијано: „Танго за Клод“

А. Пјацола: „Јас сум Марија“
(од танго-операта „Марија од Буенос Аирес“) (сопран)

Билетите по цена од 1.000 денари се веќе во продажба.

реклама

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Read more

Најмалку 96 загинати кај Сеута; Спасувачите: Глетката беше ужасна

Read more

Од последиците од невремето се создава нова вредност за Водно и Скопје – во подготовка нов моторички парк од паднатите дрвја

Read more

Како правилно да замрзнете малини за да нема мраз на нив?

Read more

Култура

Почнува 10-тото јубилејно издание на фестивалот на краток филм Drim Short

Read more

Фестивалот Охридско лето денеска одбележува 66 години од постоењето

Read more

Пол ван Дајк и Пол Окенфолд за 35 години независност во Струмица

Read more

7. Галичник Филм Фестивал - Каде што традицијата станува филм

Read more

Вести

  • filter

По 6 години повторно отворена сувенирницата во Порта Македонија

Читај повеќе

Американска компанија стигна на Гренланд: Ќе дупчи за нафта без дозвола од локалните власти

Читај повеќе

Италија го одби ултиматумот на Шпанија, Мадрид возвраќа со гранични контроли

Читај повеќе

ВЛЕН: Дали Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ

Читај повеќе

Најмалку 96 загинати кај Сеута; Спасувачите: Глетката беше ужасна

Читај повеќе

Сончево и многу топло со температури до 39 степени, попладне можен пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

7 нови случаи на Западен Нил во Скопје за една недела, 3 пациенти во критична состојба

Читај повеќе

Тетовец ја избркал сопругата од дома со трите малолетни деца, а потоа физички ја нападнал

Читај повеќе

Politico: Црна Гора и Исланд би можеле заедно да влезат во ЕУ

Читај повеќе