В недела почнува манифестацијата На зајдисонце во Трпејца

Од 20 до 28 јули, годинава по 14 пат во Трпејца ќе се одржи културно – забавната манифестација „На зајдисонце“. Организаторот Здружението „За Трпејца со љубов“, ветува интересна програма за туристите и домаќините.

На денот на отворањето во недела од 20.30 часот по поздравниот говор на претставник на општина Охрид под чие покровителство се одржува манифестацијата, Фото клубот „Охрид“ ќе ја претстави најновата продукција на фотографии насловена „Убавината на дофат“. Вечерта со својот настап музички ќе ја „обои“ познатиот саксофонист Горан Папаз.

Во понеделник на 21 јули во истиот термин ќе биде промовиран првиот роман на младата трпејчанка Анастасија Ристеска „Париска сложувалка“ напишан на англиски јазик. Промотор ќе биде д-р Габриела Неделкоска. Претходно деца од Трпејца пред публиката ќе ги покажат своите таленти.

Филмот како уметност годинава има посебно место на Зајдисонцето во Трпејца. Под ведро небо како што впрочем сите овие години се одвива манифестацијата во вторник на 22 јули ќе гостува Антонио Вељаноски, млад режисер, сценарист и фотограф кој живее на реалцијата Охрид – Прага. Присутните ќе можат да го погледаат неговиот филм „И(с)згубени“.

Во среда од 19 и 30 часот ќе се одржи популарната Трка со куфери по скалинадата во Трпејца која има натпреварувачки карактер а потоа ќе настапат Мила, Македонка и Билјана. Трите девојки недоамна дипломираа на ФМУ во Скопје.

Ден потоа гостува Драмското студио „Цвет“ под раководство на Драгана Боцеска со претставата „Приказни“ а пред тоа ќе бидат прикажани и наградени најдобрите три фотографии од Трпејца направени со мобилен од страна на туристите.

Петокот е резервиран за промоцијата на монографијата „Златните години на КК Рибар од Трпејца од авторот м-р Милчо Јованоски. Промотор ќе биде новинарот и публицист Горан Момироски. Претпладнето ќе се одржи традиционалната регата „Номче Митрески“.

Во сабота на 26 јули ќе гостува Театарскиот проект на ОСУ „Св. Климент Охридски“од Охрид со „Виолината што одекнува низ вековите“од авторот и ментор м-р Михаил Патчев а ќе биде прикажан и документарецот „Охридските трубадури“.

реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

Голем пробив во преговорите: Се наѕира историски договор меѓу Иран и САД

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Култура

Левица со поддршка за протестот на културните работници

Read more

Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста

Read more

Дејан Дуковски: Драмата е жанр на криза и конфликт, а Балканот секогаш е такво место

Read more

Објавена програмата за 6. Скопски поетски фестивал

Read more
 

Вести

Русија објави мапа на локации во Европа: Ова се мети. Спијте мирно, партнери

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден од најсмртоносните руски напади врз Украина: Најмалку 17 мртви

Читај повеќе

Двајца мотоциклисти тешко повредени во две одделни сообраќајни несреќи во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Американски пилоти лаеле и мјаукале на фреквенцијата на контролата на летање

Читај повеќе

Прилепчанец во три дена ограбил малолетник, жена и аптека

Читај повеќе

Мајка на ученик физички нападна учителка на родителска средба во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија

Читај повеќе

Повратен билет за воз Прилеп-Битола од јуни ќе чини 150 денари

Читај повеќе

Британскиот совет ќе стане Национална агенција за Еразмус+

Читај повеќе