22. Меѓународeн салон за стрип „Велес 2025“, најзначајна стрип-манифестација кај нас, денеска (20 август) ќе го има своето свечено отворање.
На отворањето ќе се доделат награди, дипломи и признанија за годинашниот меѓународен стрип-конкурс, ќе се отвори изложбата од избрани дела по истиот конкурс. Исто така ќе се претстават и стрипови по повод 15 години од издавањето на балканскиот стрип серијал „Вековници“, промотер ќе биде Марко Стојановиќ од Лесковац, Србија.
Како што информираа претходно од Стрип-центарот на Македонија, годинава, на традиционалниот стрип-конкурс се пријавиле рекордни 396 автори од цел свет, од кои 164 од нашата земја.
Жирито веќе ја заврши својата работа, а неизвесноста ќе расне до вечерва во 20:00 часот кога во „Европската куќа“ во Велес ќе се прогласат најдобрите.
Како што извести Томе Трајков – еден од координаторите на овој проект, активностите продолжуваат следниот ден, кога ќе започне вториот сегмент на салонот, а тоа е седмата по ред стрип колонија. Од 21 до 24 август во излетничкото место Нежилово стрип автори од разни генерации од Бугарија, Србија и Македонија заеднички ќе творат свои стрипови.
Исто така, Трајков извести дека поддржувачи на овој настан се: Министерството за култура и туризам на Македонија, Општина Велес, Европска куќа - Велес и, секако, многубројната стрип заедницата од државата.