Велигденски концерт на Македонската филхармонија

Во среда, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи Велигденски концерт на кој ќе биде изведено монументалното вокално-инструментално дело „Ѕвона“ од Сергеј Рахмањинов. Диригент е маестро Најден Тодоров (Бугарија), а како солисти ќе настапат Катерина Стојановска (сопран), Исмет Вејсели (тенор), Иван Наумовски (баритон/бас) и хорот „ПроАрс“. На програмата е и симфониската поема „Прелудии“ од Франц Лист.

Во летото 1907 година, за време на престој во Рим, Сергеј Рахмањинов добил анонимно писмо со поемата „Ѕвона“ од Едгар Алан По, во слободна адаптација на рускиот симболист Константин Балмонт. Поттикнат од оваа необична инспирација, Рахмањинов ја создава монументалната хорска симфонија „Ѕвона“, дело што самиот го сметал за едно од најличните во својот опус. Симфонијата ја следи драматургијата на четирите строфи од поемата и претставува симболично музичко патување низ човечкиот живот – од младешката радост, преку љубовта и зрелоста, до сенката на староста и смртта. Во руската духовна традиција ѕвоната имаат речиси живо присуство: нивниот звук го придружува човекот од раѓање до последниот миг. Со „Ѕвона“, Рахмањинов создава длабоко поетска и симболична музичка визија, во која звукот на ѕвоната станува метафора за човечкиот живот – од неговата блескава почетна радост до тивкото помирување со вечноста.

реклама

Зошто Германците не „летаат“ на автопат дури и таму каде што нема ограничување на брзината?

Read more

Во кое време од денот е најлошо да си дремнете?

Read more

Црна Месечина во Јарец од 15 септември: Какво искушение му носи на вашиот хороскопски знак?

Read more

Почна крајот на Обединетото Кралство: Шкотска, Велс и Северна Ирска потпишаа меморандум што води кон распад

Read more

Култура

(Не)замисливата иднина на книжевноста: Дали вештачката интелигенција ќе пишува книги за 50 години од сега? 

Read more

Светови зад затворени очи: Отворено 14. издание на „ПРО-ЗА Балкан" 

Read more

Велинова, Медиќ Лазаревски и Грозданоски ќе учествуваат на Светскиот поетски фестивал во Патра, Грција

Read more

Светот на Хомер: Археологијата го оживува светот на Илијада и Одисеја

Read more

Вести

Мерц поради успехот на AfD го откажа патувањето во Њујорк

Читај повеќе

Емиратите купија десетици милиони барели ирачка нафта со огромни попусти

Читај повеќе

Земјотрес во Пехчево и Берово

Читај повеќе

Нападнат танкер за нафта во Ормускиот Проток: Двајца морнари се водат како исчезнати, 23 се спасени

Читај повеќе

Европскиот парламент усвои извештај за странското мешање: Русија главна закана, Србија центар за дезинформации

Читај повеќе

Медитеранот сруши историски рекорд, Европа се соочува со закана од екстремни бури

Читај повеќе

Зеленски бара американски гаранции, Кремљ укинување на санкциите, откако Трамп објави дека има договор за енергетските објекти

Читај повеќе

Се трага по скопјанец во Охрид, на плажа биле пронајдени негови алишта и телефон

Читај повеќе

AfD убедливо најсилна партија во Германија

Читај повеќе