Вински Фестивал Битола од 7 до 9 мај пред Офицерски дом

„Вински Фестивал Битола“ ќе се одржува од 7 до 9 мај на платото пред Офицерски дом. Станува збор за тридневен фестивал кој ги обединува виното, музиката и урбаното дружење, со богата музичка програма и внимателно селектирана понуда на вина од домашни винарии и гастрономски специјалитети.

Организаторите велат дека токму музичкиот избор е една од работите што најјасно го дефинираат фестивалот и по која сакаат уште посилно да се препознае ова издание.

„Ова не е фестивал што оди во само еден правец. Намерата ни беше да создадеме програма што ќе го отслика битолскиот дух, град со стил, но и град што сака добра атмосфера, квалитетна музика и опуштено дружење. Програмата нуди различни стилови и енергија за дружење до доцна во ноќта, што му дава посебен карактер на фестивалот“, велат организаторите.

Додаваат дека идејата е фестивалот да прерасне во препознатлив мајски настан во Битола.

„Ова е град со специфичен ритам и со релаксиран стил на живот, град во кој луѓето знаат да уживаат и во вино, и во музика, и во амбиент. Нашата цел е да понудиме внимателно избрана програма, добро вино и атмосфера што не се доживува само како настан, туку како градско искуство“, посочуваат организаторите.

Фестивалската програма започнува на 7 мај со настап на резидент диџеј, по што следуваат „B52“, „Пауза за ракија“ и диџеј Александар Јорданов. На 8 мај ќе настапат „Lockdown“, ,Камерен оркестар Битола и DJ Гоце Саф, додека третата вечер, на 9 мај, е резервирана за „Zdrave Music“, „Љубојна“ и „Паркети“.

Покрај музичката програма, посетителите ќе имаат можност да дегустираат вина од домашни винарии, проследени со гастрономска понуда што го надополнува целото фестивалско доживување. Според организаторите, идејата е „Вински Фестивал Битола“ да остане отворен, комуникативен и жив настан, наменет за сите што сакаат квалитетна музика, добро вино и пријатна градска атмосфера.

Тагови
реклама

Како да направите помфрит во рерна, а да биде како пржениот во фритеза?

Read more

3 хороскопски знаци влегуваат во период на луксуз и богатство

Read more

Нови детали: Поранешниот началник на белградската полиција ја намамил жртвата во ресторанот

Read more

Половните автомобили поскапуваат и до 500 евра

Read more

Култура

Промоција на монографијата Историја на Галичник од Дамјан Бужаровски

Read more

Распишан меѓународниот конкурс за необјавена песна на 9. издание на „Антево слово“ 2026

Read more

Хуманитарна изведба на Торонто експрес во МНТ: Театарот игра за СОС Детско село

Read more

Настан со народни ора и песни, носии и ракотворби во Паркот на Франкофонијата

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Ципрас се враќа во политиката: Поранешниот грчки премиер ќе претстави нова партија

Читај повеќе

Грција: Нема да има ослободување на туристите од некои земји од земање биометриски податоци

Читај повеќе

Пороен дожд, грмежи и локално невреме до крајот на оваа седмица

Читај повеќе

Меркел: Лидерите на ЕУ треба сами да разговараат со Путин

Читај повеќе

Мицкоски, Касами и Меџити на средба за употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит

Читај повеќе

По студениот бран, Европа се соочува со нагло затоплување

Читај повеќе
  • play_arrow

ЗНАМ: Филипче има фирма во Петрич на иста адреса со компанија на Вице Заев

Читај повеќе

Филипче: „Промакедонската“ партија на Мицкоски, во која половина имаат бугарски пасоши, не сака да биде македонска

Читај повеќе

Војната во Иран веќе ги чинеше компаниите 25 милијарди евра: Кој сектор е најпогоден?

Читај повеќе