Во Скопје концертна промоција на Afro Gitano: Албум снимен на три континенти

Во сабота, на 8 ноември, во „Јавна соба“, како дел од програмата на Skopje Design Week, македонската публика ќе има ретка можност да ја доживее концертната промоција на албумот „Afro Gitano“, заеднички проект на Тони Китановски, легендарниот Баба Сисоко од Мали и диџеј Гоце САФ.

Овој необичен спој на африкански ритми, балканска душа и урбан електронски грув претставува автентично музичко патување што ги руши границите меѓу жанровите и континентите. Китановски вели дека „’Afro Gitano’ е музика што се движи како реката, како луѓето, како слободата“.

Албумот, снимен во време на пандемијата на три континенти и во шест земји, ја носи енергијата на спонтаноста и заедништвото.

„Едноставно ќе пролета идеја што ни се чини добра, и тројцата се нафрламе на неа како мала глутница“, раскажува Китановски, откривајќи ја суштината на нивната уметничка хемија.

Африка, Балканот и урбаната сцена во едно

За Баба Сисоко, кого Китановски го опишува како „музичар од највисок ранг и гриот кој со музиката придонесува за мирот на земјата“, оваа соработка претставува спој на духовноста на западноафриканската традиција и џез-импровизацијата.

Во проектот се вклучува и диџеј Гоце САФ, кој со својата хип-хоп енергија внесува современа урбана димензија: „Џезот и хип-хопот се од иста мајка“,  вели Китановски, додавајќи дека триото создава „компактна единица во која секој ја задржува својата музичка суштина, а заедно пловиме беспрекорно“.

Музика што ја почитува традицијата и ја прегрнува слободата

Во „Afro Gitano“, Китановски ја продолжува својата долгогодишна мисија – да создава музика што е истовремено прастара и современа, длабоко вкоренета и бескрајно слободна. „Музиката е секогаш онолку добра колку што е блиска до коренот“, вели тој, нагласувајќи дека искреноста кон себеси е единствениот пат до автентичност.

Албумот го издава лондонска издавачка куќа, а како што посочува Китановски, „само оригиналноста може да ја отвори портата кон светот“.

Настан што обединува музика, уметност и дизајн

Настапот е дел од Skopje Design Week – платформа што ги поврзува различните уметнички дисциплини. „Музиката е дизајн од невидливи треперења во воздухот и со тоа природно се вклопува во настанот“, додава Китановски.

Публиката може да очекува концерт исполнет со ритам, импровизација и слобода. „Сакам да си поминат убаво, да се изнаиграат без да им биде гајле за другите околу нив, и секој да си пее различна песна од нашиот репертоар на пат за дома – само тогаш ќе знам дека албумот е навистина добар“, вели Китановски.

реклама

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Келог: Мировниот договор за Украина е многу близу, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Read more

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Read more

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Read more

Култура

Зимски МакеДокс на Синедејс

Read more

Отворен конкурсот за годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија

Read more

Прекината претстава во МНТ: Публиката ќе треба да плати пак за да го види крајот

Read more

Почнува 24. Синедејс со репертоар од над 50 европски остварувања

Read more
 

Вести

Како Кина ја добива трговската војна?

Читај повеќе

Цените на нафтата благо растат втора недела по ред

Читај повеќе

Келог: Мировниот договор за Украина е многу близу, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Читај повеќе

УЈП: Секоја четврта контрола открива неиздавање фискална сметка

Читај повеќе
  • play_arrow

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Читај повеќе

Аеродромот во Цирих воведува 3D скенери со најмодерна технологија

Читај повеќе

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Читај повеќе

Левица: Владата во служба на финансиските елити - рекордни добивки за банките, беда за народот

Читај повеќе

Мицкоски: Европската интеграција не смее да се сведе на пасивно прифаќање, Македонија мора да знае да каже ДА кога тоа е во нејзина корист

Читај повеќе