11 август 1992, усвоена е македонската химна „Денес над Македонија“

Последната строфа од химната на објект во селото Рамне, Охридско. (Фото: Википедија)

„Денес над Македонија“ е државната химна на Македонија. Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски. Напишана е во 1941 година. По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на СР Македонија во рамките на поранешна Југославија, а по осамостојувањето на Република Македонија, на 11 август 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Македонија.

Со текот на времето текстот на химната претрпел разни промени, при што денес се познати три нејзини верзии — денешната верзија, првичната химна и првата официјална изведена химна која се разликува од првата во само еден ред. Во однос на првичниот текст од 1941 година се изоставени имињата на Никола Карев и Димитар Влахов, а е додадено името на Даме Груев.

Химната на Македонија е напишана од македонскиот автор Владо Малески, во 1941 г. а за првпат се изведува на пречекот на новата 1942 година во Струга во куќата на Сотир Шута. Химната била изведена за првпат таа вечер каде присуствувале активисти на ослободителното движење на Македонија од Струга и Струшкиот Регион.

За овој настан Малески ќе рече:

„Со оглед на приликите, тоа секаде се прави да не падне во очи пречекот на новата година имаше за цел да се собере младината и под оваа форма да се разговара за претстојниот вооружен отпор против фашизмот. Тогаш се информирав и за нападот на полицискиот участок во Прилеп и нападите во Куманово. Што се однесува на програмата за дочек на нова година јас, Боро Путе и Димче Кошарко, ја подготвивме песната "Денес над Македонија" која набрзо потоа ќе стане најпопуларна песна во цела Македонија и која до ден денеска се одржува како еден вид македонска химна“, Владо Малески.

Спомен-плоча во Струга со натпис: „Во ноќта спроти Новата 1942 година струшката младина организирана од КПЈ и СКОЈ во градот Струга првпат ја испеа песната ‘Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата.’ Од таа ноќ песната се носеше од уста на уста низ цела окупирана, но непокорена Македонија. Граѓаните на град Струга“

Меѓу присутните активисти на народноослободителното движење на Македонија бил и блискиот пријател на Малески, Никола Кочоски, кој за песната изјавил:

„Бев поканет од мојот другар Јосиф Миса да присуствувам на новогодишната игранка во домот на Сотир Шута. Кога влегов во горните одаи на куќата пријатно бев изненаден од амбиентот во кој се пееше песната ‘Денес над Македонија’ за чие име дознав во текот на вечерта. На гитара свиреше и пееше Владо Малески. Песната ја пееше со восхит, а присутните со смиреност го следеа и потпевнуваа. За песната беа изречени многу убави зборови потенцирајќи дека во нејзината содржина е сета македонска историја и иднина. Таквата пријатна атмосфера овозможи и сериозен разговор кога за првпат бевме информирани за успесите во војната што се води против фашизмот, како и за првата вооружена акција на македонските борци со нападите во Прилеп и Куманово“, рекол Никола Кочоски.

Денес сè уште нема официјално објаснение за промените што ги претрпела химната. Имено, првиот текст на химната изведена во Струга во 1941 година имала малку поразличен текст од денешниот особено во имињата на македонските револуционери и еден подолу ред. Така од првичните „... Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Влахов, Сандански“, денес во химната се спомнуваат „... Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“. Нема објаснение ни за заменетиот ред од страна на Кочо Рацин „Од гроб станаа славните ѕидари...“ со „Одново сега знаме се веје...“ до која доаѓа при првото објавување на оваа песна во „Македонските народноослободителни песни“ во јуни 1943 година.

Во „Македонските народноослободителни песни“ се спомнуваат имињата на Делчев, Груев, Гули, Сандански и Влахов, односно е избришано името на Никола Карев, а е додадено името на Даме Груев.

Нотниот запис е утврден од Тодор Скаловски во 1944 година.

Remote video URL
реклама

Од 16 октомври Плутон веќе не е ретрограден: 3 хороскопски знаци ги чека голема среќа

Read more

Расте бројот на бракови со деца во Германија, податоците загрижуваат

Read more

Конзервирана риба што е поевтина од туната, а е многу здрава

Read more

Украински пратеник му порача на Зеленски: Оди во Москва или Минск и преговарај за мир

Read more

Македонија

Сиљановска-Давкова: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Read more

Утре сончево време со температура до 20 степени

Read more

Според Европската конвенција имаме право да одбиеме екстрадиција, потсетува бугарското МВР по потерницата за Ива Михаилова

Read more

Безбеден град регистрираше 296 прекршоци за два дена во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Read more

Вести

Зеленски за САД: Губиме силен партнер, но не по наша вина

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Читај повеќе

Утре сончево време со температура до 20 степени

Читај повеќе

Акција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци, пријава против 20-годишник од Тетовско

Читај повеќе

Според Европската конвенција имаме право да одбиеме екстрадиција, потсетува бугарското МВР по потерницата за Ива Михаилова

Читај повеќе

Безбеден град регистрираше 296 прекршоци за два дена во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Читај повеќе
  • play_arrow

Нè уби туѓ срам за новата портпаролка на Трамп

Читај повеќе

Граѓаните може да се пријавуваат за вакцинација против сезонски грип – активиран сајтот vakcinacija.mk

Читај повеќе
  • play_arrow

Азербејџан забрани хиџаб во училиштата - 37 уапсени откако избувнаа протести

Читај повеќе