31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Автомобил-бомба, 6 жртви и сè уште без одговор кој стоел зад нападот

Пред 31 година, на 3 октомври 1995 година, беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Тој го преживеа нападот со тешки повреди на главата, но во експлозијата загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот Илчо Теовски.

Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Атентатот се случи во 9:50 часот на улицата „Македонија“ во Скопје, пред хотелот „Бристол“. Глигоров со службеното возило се движел од својата резиденција кон Собранието.

Нападот бил извршен со автомобил-бомба. Во Citroën Ami 8 биле поставени 20 килограми експлозив, кој бил активиран со далечински управувач во моментот кога возилото на Глигоров минувало кон зградата на Собранието. Непосредно пред експлозијата, службеното возило на претседателот било забавено од автомобил Фичо“.

Истрагата утврдила дека атентатот бил добро подготвен и организиран, но повеќе од три децении подоцна останува непознато кој стоел зад нападот. Истражната постапка против непознат сторител сè уште е отворена.

Во рамки на истрагата биле претресени 30.850 возила, прегледани повеќе од 15.000 објекти и легитимирани повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 биле претресени. МВР спровело и повеќе информативни разговори со лица за кои постоеле сомневања дека би можеле да бидат поврзани со атентатот, но сите биле пуштени по испрашувањата.

Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година, на 94-годишна возраст. Атентатот врз него и денес останува еден од најголемите нерасветлени случаи во поновата историја на Македонија.

реклама

Што се случува со холестеролот ако јадете јајца секој ден?

Read more

Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“ 

Read more

Трамп: Ја донесов вистинската одлука за американскиот народ

Read more

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Read more

Македонија

Бензините и дизелот со исти цени, поскапува само мазутот

Read more

Штерјова: Тошковски треба да поднесе оставка по бегството на Михајлова

Read more

Артан Груби излегува од притвор

Read more

Без вода денеска дел од општина Центар, без струја делови од Аеродром и Чучер Сандево

Read more

Вести

Дали државата повторно ќе се обиде да ја погуби Криста Пајк? 

Читај повеќе

Бензините и дизелот со исти цени, поскапува само мазутот

Читај повеќе

Штерјова: Тошковски треба да поднесе оставка по бегството на Михајлова

Читај повеќе

Руте по нападот во Бугарија: НАТО ја следи безбедносната состојба

Читај повеќе

Артан Груби излегува од притвор

Читај повеќе

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Читај повеќе

Трамп: Ја донесов вистинската одлука за американскиот народ

Читај повеќе

Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“ 

Читај повеќе
  • play_arrow

Два брода погодени од дронови во морето кај Бугарија, еден потона

Читај повеќе