8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од неа, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на платото на Вила Водно се одржа панел-дискусија, насловена како „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“, модерирана од Стојан Трпчевски.

За референдумот, но и за други настани од 90-тите години и подоцна, говореа: Туше Гошев, Насер Зибери, Ламбе Арнаудов, Мухамед Халили, Петар Гошев, Благој Ханџиски, Тодор Петров, Славе Наумовски, Ѓулистана Марковска, како и новинарите и уредници Панде Колемишевски и Александар Чомовски.

Настанот го отвори детскиот хор „Златно Славејче“ со изведба на државната химна „Денес над Македонија“ и песната „Земјо моја“.

На прашањето дали генерацијата, која учествуваше во создавањето на самостојната држава ја завршила својата историска задача, претседателката Сиљановска-Давкова одговори дека чинот на организирање избори, усвојување нов устав и конституирање институции е важен државотворен чин, но градењето држава е долг процес на промени што водат кон стабилна, функционална и ефикасна демократија.

Претседателката ги истакна улогата и заслугата на првиот пратенички состав, на експертската влада, но и на искусните и умерени политичари: Киро Глигоров, Стојан Андов, Никола Кљусев, Петар Гошев и Абдурахман Алити, кои, со знаење, мудрост и државничка одговорност овозможија осамостојување по мирен пат во време на крвав распад на Југославија.

Според неа, високата излезност и огромната поддршка, им даваат плебисцитарен карактер и демократски легитимитет на осамостојувањето и независноста.

Говорниците ги расветлија различните димензии на референдумот: правната, политичката, етничката; ја опишаа предреферендумската и постреферендумската атмосфера; ги изложија проблемите со коишто се соочувале; укажаа на разликите и дилемите околу формулирањето на референдумското прашање; разликите и несогласувањата околу уставната дефиниција на македонската држава; ставот на албанските партии.

Во своето излагање, Туше Гошев го поздрави мнозинскиот изборен систем и го проблематизираше пропорционалниот, којшто, според него, го дислоцира суверенитетот од граѓаните во политичките партии.

Насер Зибери потсети на укажувањата и предупредувањата на претставниците на Албанците пред референдумот и при донесувањето на Уставот и повика на поголемо граѓанско учество во креирањето на одлуките во функција на практикување политика како инструмент за повисоки цели во интерес на граѓаните.

Според Ламбе Арнаудов, првиот парламентарен состав покажал висока политичка свест во периодот на осамостојувањето и носењето клучни акти за државата, истакнувајќи ја важноста на Декларацијата за независност.

Мухамед Халили изрази жалење што во тогашниот период партиите на Албанците не биле соодветно и навреме разбрани, како и разочарување во тогашната власт заради малиот придонес во унапредувањето на меѓуетничката односи, што ќе предизвика недоразбирања подоцна.

Петар Гошев најпрво ја потенцираше неприкосновената важност на АСНОМ во формирањето на македонската државност, потсетувајќи дека Република Македонија како рамноправна држава влезе во Југословенската федерација и како самостојна држава се раздружи од федерацијата, врз основа на правото на самоопределување.

Тој укажа на затвореноста на процесот на одлучување во мал круг политичари како и на тајни разговори и преговори за прашања од државно значење.

Благој Ханџиски го поздрави државничкиот однос на Киро Глигоров и повика на политичко обединување доколку сакаме да ги решиме крупните прашања и да станеме членка на ЕУ.

Тодор Петров ги сподели предизвиците со коишто се соочувал како еден од најактивните пратеници во првиот повеќепартиски парламент, но и за опструкциите и проблемите што ги имал како претседател на Светскиот македонски конгрес.

Пратеникот Славе Наумовски, како член на Комисијата за надворешни работи, се осврна на нејзината улога и работа, особено во врска со перипетиите врзани за апликацијата на државата за членство во ООН.

За пратеничката Ѓулистана Марковска, првиот парламентарен состав бил и останал најдемократскиот досега. Таа изрази жалење од јакнеењето на партократијата, наместо на демократијата.

Новинарот Панде Колемишевски ја презентираше важната и посветена работа на медиумите во процесот на осмаостојувањето, изразувајќи очекување да се истражат и разјаснат бројните нејаснотии околу осамостојувањето и независноста од научен и стручен агол.

Новинарот Александар Чомовски сведочеше за резервираниот однос и очигледен страв на тогашните политичките елити во однос на клучните прашања и одлуки за државата и демократијата во претходните 35 години. Тој укажа на нужноста од научно расветлување на поновата историја, посочувајќи го Институтот за национална историја како квалификувана научно-образовна институција за оваа цел.

Заедничка порака беше дека денес, по примерот на 1991, имаме насушна потреба од обединување и консензус за важните политички прашања од коишто зависи иднината на државата и просперитетот на младите.

Тагови
реклама

„Протече“ документ: Путин најде нов сојузник во ЕУ, се подготвува средба во Москва

Read more

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Мелони го крена Сенатот на нозе: Не жалам за Берлинскиот ѕид, ни за руските тенкови

Read more

Ролат по стариот добар рецепт сѐ по 6

Read more

Македонија

Левица: Македонија треба да преговара со институциите на ЕУ, а не да прифаќа билатерални уцени

Read more

Може ли Софија да го блокира македонскиот јазик во ЕУ? Милошоски предупредува, според СДСМ нема ризик

Read more

Утре дожд и засилен северен ветер, на планините се очекува и снег

Read more

Град Скопје: Новиот Луна парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, согласно ветениот рок

Read more

Вести

Kyiv Independent: Да ги кажеме работите со вистинското име, Трамп ѝ помага на Русија да победи

Читај повеќе

Решение за најнеобичната граница во светот: Азербејџан и Ерменија би можеле да разменат територии

Читај повеќе

Левица: Македонија треба да преговара со институциите на ЕУ, а не да прифаќа билатерални уцени

Читај повеќе

Може ли Софија да го блокира македонскиот јазик во ЕУ? Милошоски предупредува, според СДСМ нема ризик

Читај повеќе

Утре дожд и засилен северен ветер, на планините се очекува и снег

Читај повеќе

Маск: И така, масакрот продолжува, време е Зеленски да си оди

Читај повеќе
  • play_arrow

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Читај повеќе

Чуварите на времето по историска одлука во Версај: Засекогаш се менува начинот на кој го сметаме времето?

Читај повеќе

Град Скопје: Новиот Луна парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, согласно ветениот рок

Читај повеќе