Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

На завршниот мобилизациски собир на ДУИ во Арачиново, лидерот Али Ахмети испрати остри политички пораки до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за обиди да се загрози соживотот и мултиетничкиот карактер на државата. Во преполна сала со граѓани, Ахмети го искористи говорот за да ја заокружи кампањата на ДУИ и да реагира на најавените промени на закони кои, според него, директно ги засегаат Албанците.

„Ние не ја носиме државата со себе – ние имаме право да ја водиме, тоа ни припаѓа! Албанците се над 30%, живеат континуирано на своите огништа и се нераскинлив дел од државноста“, изјави Ахмети, реагирајќи на стравувањата дека Албанците наводно ја „преземаат државата“.

Ахмети упати и директно прашање до Мицкоски, барајќи објаснување за измените во Законот за употреба на јазиците и за Охридскиот рамковен договор.

„Зошто го менува Законот за употреба на јазиците? Зошто го менува Охридскиот мировен договор? Зошто го загрозува мирот, стабилноста и безбедноста на државата?“, праша Ахмети, посочувајќи дека таквите политики водат кон опасна радикализација и поделби.

Особено ја осуди реториката за „чесни Албанци“, оценувајќи ја како враќање на идеологии од минатото.

„Знаете ли кој ја користеше филозофијата за ‘чесните Албанци’? Милошевиќ! А, секој што денес ја промовира таа идеја, ја оживува логиката која Албанците ја поразија“, рече Ахмети, потенцирајќи дека Албанците денес се академски и политички оформени, со три универзитети и илјадници стручни кадри.

Според него, државата не може повеќе да се води едноетнички, а оние кои, како што кажа, „му служат на злото“, не можат да бидат партнери на Албанците.

Во завршницата, Ахмети повика на регионално помирување и европска интеграција, со јасно отфрлање на националистичките проекти:

„Ние не бараме Голема Албанија, ниту Голема Србија, ниту Голема Бугарија – туку Голема Европа без граници, како што направија Германија и Франција“.

ДУИ, со овој собир, стави крај на низата мобилизациски средби низ земјата, најавувајќи продолжување на политичката борба за еднаквост, соживот и европска иднина.

Тагови
реклама

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Како изгледаа трибините на натпреварот помеѓу Челси и Лос Анџелес?

Read more

Зошто Путин го прати Шојгу во Северна Кореја?

Read more

Македонија

Мицкоски очекува Бугарите да го повлечат барањето пред македонскиот јазик и идентитет да стои „сегашен“

Read more

17 јуни, 2018 година - Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа

Read more

Бислимоски ќе побара цената на водата да ја одредува РКЕ место советите на општините

Read more

Уште еден земјотрес почувствуван во Охрид и Струга

Read more
 

Вести

Мицкоски очекува Бугарите да го повлечат барањето пред македонскиот јазик и идентитет да стои „сегашен“

Читај повеќе

Како да знаете дека автомобилот ви е обележан за кражба во Грција?

Читај повеќе

Кривична за директор на „Комуналец“ во Кичево, отворил дива депонија

Читај повеќе

17 јуни, 2018 година - Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа

Читај повеќе

Бислимоски ќе побара цената на водата да ја одредува РКЕ место советите на општините

Читај повеќе
  • play_arrow

Макрон ѝ шепка, Мелони превртува очи

Читај повеќе

Растат платите во ЕУ, дали ќе пораснат и цените?

Читај повеќе

Зошто Путин го прати Шојгу во Северна Кореја?

Читај повеќе

Уште еден земјотрес почувствуван во Охрид и Струга

Читај повеќе