Ахмети: Пресудата за Тачи и поранешните водачи на УЧК е неправедна и длабоко разочарувачка

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја оцени како неправедна и длабоко разочарувачка денешната пресуда на Судот во Хаг против поранешните водачи на УЧК, Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими.

„Во овие тешки моменти повикувам на воздржаност и единство. Не треба да паднеме во никаква стапица чија цел е да создаде тензии, поделби или да ја оцрни ослободителната борба на народот во Косово“, напиша Ахмети на Facebook.

Посочи дека поранешните тврдења за трговија со органи не прераснале во обвиненија во овој процес, како и дека судот ги ослободил обвинетите од обвиненијата за злосторства против човештвото.

„УЧК настана како одговор на угнетувањето и се бореше за слободата на Косово. Поранешните тврдења за трговија со органи, кои со години фрлаа сенка врз УЧК и нејзините водачи, не прераснаа во обвиненија во овој процес“, наведе Ахмети.

Според него, судскиот процес не завршува со првостепената пресуда и одбраната ќе ја продолжи правната битка во жалбена постапка.

„Со верба во правдата, битката продолжува во жалбена постапка“, порача Ахмети.

Претходно денеска, поранешниот косовски претседател Хашим Тачи беше прогласен за виновен за воени злосторства и осуден на 25 години затвор пред Специјализираните комори за Косово во Хаг. На 25 години затвор е осуден и Јакуп Красниќи, Кадри Весели доби 18 години, а Реџеп Селими 13 години затвор.

Четворицата поранешни водачи на УЧК се прогласени за кривично одговорни за самоволно лишување од слобода, сурово постапување, мачење и противправни убиства. Судот ги ослободи од обвиненијата за злосторства против човештвото, оценувајќи дека обвинителството не докажало дека злосторствата биле дел од распространет и систематски напад врз цивилното население.

реклама

Од 16 октомври Плутон веќе не е ретрограден: 3 хороскопски знаци ги чека голема среќа

Read more

Расте бројот на бракови со деца во Германија, податоците загрижуваат

Read more

Конзервирана риба што е поевтина од туната, а е многу здрава

Read more

Украински пратеник му порача на Зеленски: Оди во Москва или Минск и преговарај за мир

Read more

Македонија

Сиљановска-Давкова: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Read more

Утре сончево време со температура до 20 степени

Read more

Според Европската конвенција имаме право да одбиеме екстрадиција, потсетува бугарското МВР по потерницата за Ива Михаилова

Read more

Безбеден град регистрираше 296 прекршоци за два дена во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Read more

Вести

Зеленски за САД: Губиме силен партнер, но не по наша вина

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Читај повеќе

Утре сончево време со температура до 20 степени

Читај повеќе

Акција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци, пријава против 20-годишник од Тетовско

Читај повеќе

Според Европската конвенција имаме право да одбиеме екстрадиција, потсетува бугарското МВР по потерницата за Ива Михаилова

Читај повеќе

Безбеден град регистрираше 296 прекршоци за два дена во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Читај повеќе
  • play_arrow

Нè уби туѓ срам за новата портпаролка на Трамп

Читај повеќе

Граѓаните може да се пријавуваат за вакцинација против сезонски грип – активиран сајтот vakcinacija.mk

Читај повеќе
  • play_arrow

Азербејџан забрани хиџаб во училиштата - 37 уапсени откако избувнаа протести

Читај повеќе