Алиу: За туѓа нега, пациентите нема да мораат на прегледи на 6 месеци или година

За да престанат лекарите да инсистираат пациенти со трајни здравствени оштетувања да одат на прегледи на секои шест месеци или една година за да добијат пари за туѓа нега, министерот за здравство Азир Алиу денес кажа дека нема да има потреба од менување на законите. Проблемот најави дека ќе го реши со разговори со сите комисии.

„Ние направивме работна група меѓу двете министерства и таа работна група после неколку состаноци, по мое барање да смениме и Закон ако треба, не извести дека Закон не треба да се смени во оваа фаза бидејќи Законот дава можност за траен инвалидитет. Но, ќе треба да се работи повеќе со комисиите за да може тие реално да видат таму каде што има траен инвалидитет да се даде решение за тој траен инвалидитет. Јас пред две-три недели пратив писмо до сите комисии за да може да ги анализираат тие пациенти кои што можат да имаат траен инвалидитет да не треба да се појавуваат на прегледи туку да имаат решенија за траен инвалидитет“, рече министерот Алиу на денешниот отчет за сработеното изминатава година откога е на функцијата.

Првичните анализи покажале дека државата за прегледи на пациентите со трајни здравствени проблеми за да докажуваат на секои шест месеци или година дека им треба туѓа нега, троши околу 1,4 милион денари дополнителни средства. Тие непотребно се принудени да минуваат низ здравствениот систем и да го оптоваруваат покрај тоа што прегледите за нив и за нивните семејства се посебно оптоварување.

„Некои пациенти имаат очигледни проблеми со здравјето, проблеми кои што очигледно не може да се подобрат. На пример ако пациентот нема нога, не може да нема траен инвалидитет, ногата е орган што не расте. После средбите и после анализите од работната група ќе излеземе со јасна предвидена динамика за тие комисии бидејќи навистина е товар и економски и здравствен ако инвалидите се носат на прегледи. И за нивните фамилии, тие ќе треба да чекаат да се направат дополнителни анализи. Ценам дека ќе го подобриме тој систем, јас сум сигурен дека, според законот, мора да работат и ќе наложам сите комисии да мора да работат според јасно дефинирани правила“, вели министерот Алиу.

Доколку лекарите во комисиите кои ги прегледуваат пациентите и треба да им издадат решенија за траен инвалидитет му кажат дека правилата за тоа не се јасно дефинирани, Алиу вели дека е подготвен да направи и законски измени.

реклама

Од 20 јули конечно доаѓа финансискиот успех за 3 хороскопски знаци

Read more

Немоќната Аргентина на срамен начин се збогуваше со титулата

Read more

Нејмар се почести со подарок од 20 милиони евра

Read more

Скалони се расплака и го прекина пресот: Душата ме боли, простете ми

Read more

Македонија

Уапсена директорката на „Комуналец“ во Гостивар и уште двајца вработени 

Read more

Семејно насилство: Потребен е систем кој се прилагодува на жртвата, а не жртвата на системот

Read more

Клековски: 3.100 лица од Гостивар побарале помош за стомачни проблеми, има деца од 1-2 години и возрасни од 80 години

Read more

До петок, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Read more

Вести

  • play_arrow

Уапсена директорката на „Комуналец“ во Гостивар и уште двајца вработени 

Читај повеќе
  • play_arrow

Американците ќе одлучат за судбината на браќата Тејт

Читај повеќе

Авиосообраќајот во Европа: Што ќе се промени за патниците во 2027 година?

Читај повеќе

Семејно насилство: Потребен е систем кој се прилагодува на жртвата, а не жртвата на системот

Читај повеќе

Клековски: 3.100 лица од Гостивар побарале помош за стомачни проблеми, има деца од 1-2 години и возрасни од 80 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е Енди Бернам  - новиот премиер на Велика Британија кој најавува големи промени

Читај повеќе

До петок, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Читај повеќе

Трамп: Жестоко го нападнавме Иран во чест на убиените американски војници

Читај повеќе

Новите правила на ЕУ стапуваат на сила денес: Забрането е уништување на облека

Читај повеќе