Андоновски: Работиме на воведување „роаминг како дома“ со Европската Унија

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на отворањето на Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025, најави интензивна работа на иницијатива за проширување на слободниот роаминг меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија.

„Се надевам дека овој настан ќе биде платформа за поврзување на сите држави, не само како можност за дискусија, туку и како заеднички напор за реални резултати. Поттикнати од Регионалниот совет за соработка, донесовме заедничка декларација што ќе упати повик до ЕУ и до сите наши соседи за воведување на иницијативата ‘роаминг како дома’ – со што би се намалиле трошоците за интернет, телефонски повици и СМС пораки меѓу Западен Балкан и цела Европа“, истакна министерот Андоновски.

Додаде дека веќе постоечкиот регионален договор за роаминг меѓу земјите од Балканот се покажал како успешен модел, и дека следниот чекор е проширување на истиот во рамки на целата територија на ЕУ. Тоа значи дека граѓаните не треба да плаќаат дополнителни трошоци за повици, пораки и интернет кога патуваат во земјите членки на овие зони. Наместо тоа да биде поволност само за државите од Западниот Балкан меѓусебно, Владата работи на воведување на оваа пракса и со сите држави од ЕУ.

Андоновски потенцираше дека нашата земја веќе ги има завршено најголемиот дел од обврските за исполнување на критериумите поставени од Европската комисија. „Очекуваме до крајот на годината да ги исполниме сите услови за приклучување кон заедничката европска роаминг зона“, порача министерот.

Во своето обраќање, министерот ги нагласи и клучните теми на самитот – дигитализација, интероперабилност, сајбер безбедност, улогата на вештачката интелигенција, како и дигиталниот паричник.

Тагови
реклама

Македонија

Поради врнежи, дневната програма на „Виноскоп“ е одложена за утре

Read more

Дождлив викенд со грмежи и засилен ветер

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Јаневска ги потврди казните од 250 евра за родителите на насилните ученици

Read more
 

Вести

Ердоган: Нема мир на Блискиот Исток додека не престанат израелските провокации

Читај повеќе

Уапсен 26-годишен скопјанец за уцена, при апсењето повредил полицајка

Читај повеќе

Малолетник со месеци принудувал 12-годишно девојче да му праќа голи снимки

Читај повеќе

Поради врнежи, дневната програма на „Виноскоп“ е одложена за утре

Читај повеќе

Емиратите неуспешно се обидоа да ги убедат Саудиска Арабија и Катар заедно да го нападнат Иран

Читај повеќе

Уапсен шефот на белградската полиција и поранешен советник на Вучиќ

Читај повеќе

Дождлив викенд со грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Украина собори 269 дронови во новиот масовен напад на Русија

Читај повеќе

Подгорица ја осуди изјавата на Вучиќ за годишнината од црногорската независност

Читај повеќе