Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, истакна дека ова лето државата е подготвена да се справи со пожарите, благодарение на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

„Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, рече Ангелов, алудирајќи на импровизираната одбрана од пожарите кога едно од ланските видеа на кои гасне пожар со гранка стана вирално на социјалните мрежи. Информираше дека државата располага со нови противпожарни ресурси распределени низ институциите и министерствата, како никогаш претходно.

„Дирекцијата за заштита и спасување во својата структура доби 18 прилагодени моќни теренски возила Pinzgauer (дополнително очекуваме уште 5) со резервоари од 1.500 литри, 15 прилагодени оклопни транспортни возила BTR 80 со резервоари од 6 тони и 5 оклопни транспортни возила Хермелин со влечни цистерни од 2, 4, 6 или 8 тони. Сите 43 специјални возила се опремени или се опремуваат со моќни водни пумпи со домет на водниот млаз од 25 до 100 метри“, рече Ангелов.

На воениот полигон Пепелиште, во присуство на премиерот Мицкоски, потпретседателот Љупчо Димовски, министрите Тошковски и Мисајловски, градоначалникот Јанчев и други функционери, беше одржана демонстрација на противпожарните капацитети на новите возила.

реклама

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Read more

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Македонија

Утре променливо облачно време со дожд и грмежи, температурите во опаѓање

Read more

Казината ќе се дислоцираат од училиштата, се отстрануваат терминалите – Владата го утврди предлог-законот за игри на среќа

Read more

Преку ПОЦ ќе се селектираат и рециклираат батерии во Центар

Read more

Филипче: Бугарија потврди дека прашањето за малцинствата во Уставот не е бугарско, туку европско прашање

Read more
 

Вести

Утре променливо облачно време со дожд и грмежи, температурите во опаѓање

Читај повеќе

Пентагон објави колку војната во Иран ја чинела Америка досега

Читај повеќе

Казината ќе се дислоцираат од училиштата, се отстрануваат терминалите – Владата го утврди предлог-законот за игри на среќа

Читај повеќе

Преку ПОЦ ќе се селектираат и рециклираат батерии во Центар

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Бугарија потврди дека прашањето за малцинствата во Уставот не е бугарско, туку европско прашање

Читај повеќе

Кремљ го повтори тврдењето на Путин дека војната во Украина е речиси завршена

Читај повеќе

Шефот на НАТО: Црна Гора промовира мир и стабилност на Западен Балкан

Читај повеќе

Левица бара замрзнување на цените на основните производи: Цените растат со темпо кое народот не може да го издржи

Читај повеќе

Трамп: Куба бара помош, ќе разговараме за тоа

Читај повеќе