Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија

На денешната собраниска седница на која се расправаше за интерпелацијата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, претседателот на Левица и пратеник, проф. д-р Димитар Апасиев, се осврна на, како што оцени, катастрофалната состојба во македонското земјоделство, предупредувајќи на растечката зависност од увоз на храна, падот на домашното производство, уништувањето на сточниот фонд и политиките кои, според него, работат во интерес на посредниците наместо на производителите.

Remote video URL

Апасиев оцени дека македонското земјоделство се соочува со сериозен пад на производството и оти актуелните политики не даваат резултати. Според него, државата нема долгорочна визија за развој на земјоделството, ниту пак ги користи механизмите што во минатото обезбедувале стабилност на производството и приходите на земјоделците.

Апасиев посочи дека Македонија станува сѐ позависна од увоз на основни прехранбени производи, иако располага со одлични природни услови за земјоделско производство.

„Ние сме земја која е увозно зависна од храна. Срамота! Земја со 280 сончеви денови – увозно зависна од храна. 600 милиони евра трговски дефицит. Наместо да завршуваат кај нашите земјоделци, им ги даваме на странци. Над една милијарда трошиме само да се прехраниме од странство“, истакна Апасиев.

Тој наведе дека се намалуваат површините под житни и индустриски култури, посочувајќи дека производството на пченица, ’рж и ориз бележи континуиран пад, иако државата издвојува значителни средства за субвенции.

„Пченицата е намалена од 80.000 на 68.000 хектари, ’ржта од 4.500 на 3.500 хектари, оризот од 5.200 на 3.000 хектари. Елементарно е. Ако вие ги зголемувате субвенциите, треба и производството да расте. Значи нешто ви е килаво во системот, не ви функционира“, рече тој.

Осврнувајќи се на откупните цени, Апасиев оцени дека најголемата добивка ја остваруваат прекупците, додека земјоделците се принудени да продаваат под производна цена. „Што тоа ви кажува? Дека прекупците го собираат кајмакот. Дека при инфлација од 5%, сите цени одат нагоре, само цените на земјоделските производи кај примарните производители одат надолу. Пченицата 9 денари им ја плаќате, а на земјоделецот да ја произведе го чини 22 денари. Оризот 20 денари, а да го произведе 25“, нагласи Апасиев.

Тој ја критикуваше и политиката кон лозарството, посочувајќи дека државната поддршка наместо кај лозарите, завршува кај винариите, што резултира со намалување на лозовите насади. Говорејќи за состојбите во сточарството, Апасиев предупреди дека државата бележи драматичен пад на бројот на добиток во споредба со претходните децении.

„Илјадници грла добиток имаме помалку. 10% годишно ни се намалува. Овци во СФРЈ сме имале 2,5 милиони грла, денес имаме 470.000 – минус 80% сточен фонд. Говеда сме имале 300.000, сега имаме 140.000 – минус 60%. Какви се овие политики кои водат до вакви резултати?“, праша Апасиев.

Како решение за надминување на кризата, тој предложи враќање на комбинираниот модел на земјоделско производство, заснован на соработка меѓу големите земјоделски капацитети, задругите и индивидуалните производители, како и дефинирање на стратешки култури и формирање специјализирана агробанка.

„Спасот е во комбиниран модел којшто ние го имавме, а тоа се големи ЗИК-ови, задруги и бавчаванџии. Немаме стратешки култури, а тоа се афионот и конопот. Очајно ни е потребна агробанка за зелени кредити, за системи за заштита и за циркуларна економија поврзана со исхрана и училишни мензи“, порача Апасиев.

Во завршницата од своето обраќање, Апасиев упати директна критика до министерот Трипуновски, обвинувајќи го дека не ги застапува интересите на македонските земјоделци. „Вие не сте министер на земјоделците. Вие сте министер на шумската и кванташката мафија“, порача Апасиев од собраниската говорница.

реклама

Немоќната Аргентина на срамен начин се збогуваше со титулата

Read more

Скалони се расплака и го прекина пресот: Душата ме боли, простете ми

Read more

Од 20 јули конечно доаѓа финансискиот успех за 3 хороскопски знаци

Read more

Нејмар се почести со подарок од 20 милиони евра

Read more

Македонија

Семејно насилство: Потребен е систем кој се прилагодува на жртвата, а не жртвата на системот

Read more

Клековски: 3.100 лица од Гостивар побарале помош за стомачни проблеми, има деца од 1-2 години и возрасни од 80 години

Read more

До петок, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Read more

Мицкоски за епидемијата во Гостивар: На потег е обвинителот, а морална одговорност треба од сите, од прв до последен

Read more

Вести

  • play_arrow

Американците ќе одлучат за судбината на браќата Тејт

Читај повеќе

Авиосообраќајот во Европа: Што ќе се промени за патниците во 2027 година?

Читај повеќе

Семејно насилство: Потребен е систем кој се прилагодува на жртвата, а не жртвата на системот

Читај повеќе

Клековски: 3.100 лица од Гостивар побарале помош за стомачни проблеми, има деца од 1-2 години и возрасни од 80 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е Енди Бернам  - новиот премиер на Велика Британија кој најавува големи промени

Читај повеќе

До петок, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Читај повеќе

Трамп: Жестоко го нападнавме Иран во чест на убиените американски војници

Читај повеќе

Новите правила на ЕУ стапуваат на сила денес: Забрането е уништување на облека

Читај повеќе

Кремљ: Најголемата грешка на Европа е што преговара со Русија од позиција на сила

Читај повеќе