Претседателот на Левица и професор по римско право, Димитар Апасиев, се обрати до она гласачко тело кое редовно не излегува на избори, објаснувајќи им ги последиците од таквите постапки.
На секои избори во Македонија излезноста варира од 30% до максимум 60%. Тоа значи дека огромен број на лица со право на глас не излегуваат и не го користат нивното демократско право. Автоматски, тие дозволуваат останатите да одлучуваат за нивниот живот.
Токму поради таквиот нивен став, Апасиев на социјалните мрежи се обиде да им ги објасни последиците од неизлегувањето на избори.
„Ај вака, пластично, да објасниме за сите оние апатични негласачи кои се, нели, НАД-ПАРТИИ и 'не се замараат со политика' - како уствари функционира нашиот изборен систем (без цензус + Донтова формула):
Имаш 1.000 гласачи.
900 од нив, со менталитет 'ние не сме партија', не излегуваат на гласање!
Останатите 100 партијаши гласаат и одлучуваат кој ќе биде власт.
Ете, така. Толку е просто.
p.s. После ова, пак НЕ ГЛАСАЈ. Ама немој ни да плачеш, о ти превозвишен 'граѓанецу', коа вмрааната ќе ти го крои животот у твојата општина“.