Арсовска: Мицкоски несреќо, за ѓубрето низ Скопје се одговорни твоите градоначалници

Мицкоски несреќо, на кого се закануваш, објави на социјалните мрежи градоначалничката нa град Скопје во заминување, Данела Арсовска, откако Владата на седница донела заклучоци со кои се задолжуваат МВР и останатите надлежни институции веднаш да извршат вонреден надзор врз работењето на Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ за отпадот во градот.

„Те велича Орце Самка Ѓорѓиевски дека си господ и си почнал да веруваш дека си семоќен? Политички прогон сакаш да правиш несреќо.

За ѓубрето низ Скопје е одговорна твојата криминална структура во Комунална хигиена на чело со Јулијана Спировска која е претседател на Управниот одбор (земи читај допис ако имаш време меѓу заканите и правење бизнис)“, му порачува Арсовска на Мицкоски.

За ѓубрето низ Скопје, како што вели, се одговорни неговите градоначалници кои сред избори, додава Арсовска, повикале граѓаните да фрлаат кабаст отпад.

„А немаат ни ресурси ни механизација да го собираат истото, па тоа ѓубре се мачат да го собираат вработените од КХС кои веќе се на крај на силите.

За ѓубрето низ Скопје е одговорно твоето министерство за здравство, кое милиони му должи на Комунална хигиена. Нив ќе им влезеш ли со полиција несреќо?

По корумпирана и по плитка власт од твојава не постоела, ни ќе постои некогаш во Македонија. Уствари заборавив Северна, бидејќи и името дека ќе го вратиш лажеше, како и за сѐ друго што лажеш денес“.

реклама

Метеорит што проби покрив на куќа во Њу Џерси би можел да содржи индиции за потеклото на животот

Read more

Зошто повеќето денешни бензинци имаат 1,5 турбо мотор: Не е случајно

Read more

Урнал ѕид од подрум поради исчезнати кокошки, а зад него пронашол град стар илјадници години

Read more

По серија американски напади се урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај

Read more

Македонија

Агенцијата за храна забрани да се пие водата во Гостивар

Read more

Стотици граѓани во Гостивар побарале лекарска помош, се сомнева дека водата од Вруток е загадена

Read more

Одбиен амандманот на Левица за покривање на трошоците на македонските репрезентативци

Read more

Владата донесе одлука – кризната состојба за нафта продолжена до 20 октомври

Read more

Вести

Одбил да седне до жена поради шеријатскиот закон, па ја удрил стјуардесата оти одбила да го премести

Читај повеќе

Предложен притвор за Британец, фрлал камења кон инспектори во Куклица

Читај повеќе

Агенцијата за храна забрани да се пие водата во Гостивар

Читај повеќе

Стотици граѓани во Гостивар побарале лекарска помош, се сомнева дека водата од Вруток е загадена

Читај повеќе

Одбиен амандманот на Левица за покривање на трошоците на македонските репрезентативци

Читај повеќе

Владата донесе одлука – кризната состојба за нафта продолжена до 20 октомври

Читај повеќе

Србија се приклучува на вселенската програма на НАСА

Читај повеќе

УЈП со повик до граѓаните да се регистрираат на системот е-Даночни услуги

Читај повеќе

Реакција на Бујар Османи: Навистина мора да се очајни во ВЛЕН

Читај повеќе