Градоначалникот на Општина Сарај и актуелен организациски секретар на ДУИ, Блерим Беџети, соопшти дека градоначалничката фотелја ќе ја замени за пратеничка.
Преку неговиот Facebook статус вели дека отсега ќе делува како пратеник во Собранието на Република Македонија и дека ќе биде гласот на волјата на народот.
„Од денеска започнува моето ново патување како пратеник во Собранието. Ветувам дека ќе бидам гласот на волјата на народот и ќе докажам дека легитимитетот на албанскиот глас му припаѓа на Европскиот фронт. Продолжуваме обединети за европска држава и подобар економски развој“, напиша Беџети на Facebook.
Тој беше пратеник од 2006 до 2009, а и министер за правда во периодот 2011-2014 година.