Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на денешниот протест за 600 евра минимална плата и зголемување за најмалку 100 евра на останатите плати. Објасни дека не им посакува добро утро на пратениците оти две години го блокираат предлогот на Сојузот на синдикати за зголемување на работничките плати.

Како што најавија, работниците ги блокираа пристапите со автомобил во Собранието, но не ги принудија пратениците пеш да дојдат на работа оти паркингот беше полн кога почна протестот, пратениците утрово подранија на работа.

„Како што им ветивме денска по 21 човек на две локации ги блокираме за да не можат да дојдат со сопствените возила на работа, како што одат. Да не можат да наплатат трошоци како да трошат керозин и да мора да дојдат пешки или со јавен градски превоз на своите работни места. Моите информации се дека голем дел пратеници станале рано утрово, за да дојдат пред 9 часот на работа, за да не се соочат со работниците на улица затоа што се срамат од нив“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.

Тој од улица направи пресметка колку ќе се зголемат пратеничките плати.

„Се срамат од своите гласачи затоа што одбиваат да ја зголемат работничката плата, а од друга страна, пратеничката плата ќе се зголеми не само за 9,2% колку што пресмета гувернерот на Народна банка дека се зголемила просечната плата во 2025 година ,туку и за 12,6% затоа што голема е веројатноста Uставниот суд да ја укине уредбата на Владата од претходната година, што ќе каже дека на 100 или 120 илјади денари добиваат 21% зголемување на нивните плати. Да биде срамот за нив уште поголем тие се подготвени нивните плати, односно коефициенти да ги намалат за 9%, да не се зголемат, само за да не ги зголемат платите на работниците“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов и кажа дека блокадата ќе трае до 11 часот, кога треба да почне седницата во Собранието.

„Голем дел пратеници станале рано утрово, за да дојдат пред 9часот на работа, за да не се соочат со работниците“, рече Трендафилов

Побара пратениците денесka на седницата да предложат зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите останати работнички плати за најмалку 6.000 денари или за разликата од претходната минимална плата и новата минимална плата која ќе ја изгласаат.

Доколку не го направат тоа, Трендафилов најави дека како што вети, ССМ собере 10.000 потписи, ќе им стане овластен предлагач, и ќе предложи намалување на пратеничките и функционерските плати.

„Нѐ осудуваа дека иницијативата на ССМ за намалување на нивните плати за 80% била неуставна затоа што ќе дошле на минималец, па сфатиле колку тешко ќе живеат на минималец па затоа сметаат дека е неуставно да им се намалат нивните, онака високи, пратенички плати, но прашуваме оттука јасно и гласно, како тоа ако ги намалат за 9,2% коефициентите ќе биде уставно, а неуставно ќе биде да ги намалат за 80% нивните коефициенти и да ја сменат нивната основица да биде минимална плата наместо сегашната просечна плата“, објасни Трендафилов.

Во четврток, на ист начин, работниците ќе ја блокираат Стопанската комора, а во вторник и Владата.

„Се надевам дека претседателот на Владата и министрите, кои не се излезени од службените автомобили, ќе тргнат пешки до своите работни места и ќе поминат покрај работниците. Покрај 21 работник на две локации пред Владата, за да не можат да дојдат со службените автомобили. Се надевам дека Владата нема да избега како што кукавички избегаа денес пратениците кои денес многу рано станале, можеби и за првпат во нивната пратеничка кариера и дошле на своите работни места пред 8 часот, според нашите информации“, рече Трендафилов.

ССМ смета дека за денес пратениците не смеат да побараат патни трошоци и најави дека ќе бара известување од Собранието за тоа кој побарал да му се покријат трошоците за патување до работа денес.

„Ќе се обратиме и до претседателот на Собранието како информација од јавен карактер да нѐ извести кој е тој алчен пратеник кој за денешниот ден ќе наплати 100, 150 или 200 евра затоа што доаѓа на работа“, рече Трендафилов.

Се заблагодари на големиот број полицајци за кои рече дека биле принудени да мрзнат на ладното со работниците и да ги чуваат пратеници кои и нивните плати не сакаа да ги зголемат.

реклама

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Фрапантно: Директорка на основно во Прилеп сече јавори оти ѝ сметале паднатите лисја

Read more

Свинско со зеленчук во фолија: Месото ќе се распадне под вилушката

Read more

Дел од фабрика за муниција во Италија летна во воздух

Read more

Македонија

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење, рече Ангелов и се напи од уличната чешма

Read more

Министерството објави броеви за македонските граѓани кои се во Грција и имаат потреба од помош

Read more

Без струја делови од Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба

Read more

МВР: 13 лица повикани во полиција за споделување информации за водата во Скопје, ниту еден од нив не кажал веродостоен извор

Read more

Вести

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење, рече Ангелов и се напи од уличната чешма

Читај повеќе

Москва го обвинува Вашингтон за вмешаност во нападите длабоко на руска територија

Читај повеќе
  • play_arrow

Бегале од огнот в море: Спасени 200 лица во страшниот пожар во Хрватска, меѓу нив и деца

Читај повеќе

Министерството објави броеви за македонските граѓани кои се во Грција и имаат потреба од помош

Читај повеќе

Загина 19-годишна девојка во сообраќајка кај Струмица, уапсен возач кој возел пијан

Читај повеќе

Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон Centar Night Run

Читај повеќе

НАТО собори дрон што навлезе во воздушниот простор на Латвија

Читај повеќе
  • play_arrow

Голем пожар во Хрватска: 36 повредени, 14 хоспитализирани, 7 се борат за живот

Читај повеќе

Остатоци од птици пронајдени во моторот во авионот по несреќата со српскиот патник кој излета од прозор

Читај повеќе