ЦУК: Поплавени дворови и земјоделски површини, одрони на повеќе патни правци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти најнови информации за последиците од обилните врнежи на територијата на Македонија – состојба заклучно со 9:00 часот.

Кочани и Штип

Кај Оризарска река во село Грдовци има излевање. Водостопанство Брегалница интервенира со багер гасеничар. Механизацијата е сѐ уште на терен. Од понеделник ќе започне чистење на речното корито на Оризарска река од Грдовци кон Оризари со цел да се спречат идни несакани последици.
Сообраќајот на патниот правец Кочани-Грдовци е нормализиран.
На повеќе патни правци во источниот дел се појавуваат одрони и „Македонијапат“ интервенира за нивно расчистување.

Битола

Во населбата Стрчин КЈП „Нискоградба“ интервенира со механизација за расчистување на нанос од чакал и земја.
Во селото Кравари има заезерени земјоделски површини без опасност по објектите.
Во селата Жабени и Породин има поплавени земјоделски површини и ЈП „Водостопанство“ интервенира на Жабјанска Река.
Елешка река е излеана и има поплавени земјоделски површини.
Нивото на водата во реките е во опаѓање.

Ресен

Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка.
Нивото на Голема река е намалено од 2,20 метри на 1,40 метри.
Ангажирани се екипи од ЕЛС „Ресен“, „Македонијапат“ и ЈКП „Пролетер“ Ресен кои вршат обиколка и проценка на состојбата на терен. Состојбата е нормализирана.

Крушево

Поради поројните врнежи водата за пиење е заматена и се препорачува да се преврива најмалку 10 минути.
Нивото на Црна река кај село Бучин е покачено но водата на местата каде што беше излеана е повлечена.
Екипи од ЈП „Комуна“, ТППЕ „Крушево“, ЕЛС „Крушево“ и надлежни служби интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки.

Демир Хисар

Локалниот пат кон село Мренога е затворен за сообраќај поради оштетување на мост на Боишка Река. Надлежните служби ја обезбедуваат локацијата.

Прилеп

Во селото Лажани пријавена е штета кај еден жител поради поплавен двор и приземни простории и оштетување на тутунот.
Во селото Пешталево исто така имало поплавувања поради неисчистени канали.
Во двете села интервенираше градежна механизација за расчистување на каналите.

Тетово

Патот кон Бање Тетово е исчистен но СВР Тетово го има забрането сообраќајот од безбедносни причини.
Патот кон село Жерма и кон село Бродец е прооден.
Состојбата во село Стримница, Општина Желино, се следи континуирано од надлежните служби.

Тагови
реклама

10 август е краен рок: Дали ги заштитивте вашите фотографии на Google Photos?

Read more

Британскиот премиер доби интересен предлог: Европска конфедерација што би ја вклучила и Македонија

Read more

Венера затвора тешко поглавје за 3 хороскопски знаци на 10 август

Read more

Ќе почне ли распаѓањето на Канада? Сепаратистите во Алберта во октомври ќе одржат референдум

Read more

Македонија

Утре сончево и многу топло, температури до 40°C

Read more

Нови цени на горивата од полноќ: Бензинот поевтин за 4, дизелот за 8 денари

Read more

Нова дигитална алатка Пратеници.мк ги доближува отворените податоци на Собранието до граѓаните

Read more

ИЈЗ со препораки за лицата над 65 години: Избегнувајте да излегувате од 11 до 17 часот, не вклучувајте шпорет од 13 до 17

Read more

Вести

  • play_arrow

Разорен земјотрес ја погоди Колумбија, најмалку 49 загинати

Читај повеќе

Утре сончево и многу топло, температури до 40°C

Читај повеќе

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Читај повеќе
  • filter

ЕУ бара од 5 карипски земји да ги укинат познатите златни пасоши: За што служат и како се добиваат?

Читај повеќе

230 луѓе во еден чамец го преминаа Ламанш 

Читај повеќе

Во Идризово стигнале 32 пакувања марихуана, во пратка за затвореник

Читај повеќе

Перу руши рекорди: Бум во извозот на злато и бакар

Читај повеќе

Џез-вечери од 13 до 16 август на Охридско лето

Читај повеќе

Две малолетнички избодеа со нож 18-годишна девојка во центарот на Белград

Читај повеќе